Shkenca dhe aplikimi
Парк на пчелата

Во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во рамките на Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели, се наоѓа Паркот на пчелата.
Зелена училница за сите
Овој посебно уреден простор со површина од 600 м² е замислен како интерактивна зелена (еко) училница и истражувачки центар отворен за сите категории граѓани – од студентите, учениците и децата од градинките, па сѐ до пчеларите и пчеларските здруженија. Основната цел на Паркот е подигнување на свеста за исклучителното значење на пчелите и опрашувачите, како и поврзување на научноистражувачката работа со практичното искуство.
Медоносни растенија и едукативни табли
Паркот се одликува со богата содржина на медоносни растенија, меѓу кои доминираат автохтони растителни видови што обезбедуваат клучни ресурси, како нектар и полен, и служат како поддршка за опрашувачите од опкружувањето. Во рамките на содржините, поставени се информативно-едукативни табли кои нудат „поглед“ во фасцинантниот свет на пчелите. Посетителите можат да се запознаат со диверзитетот на пчелите, карактеристиките на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), нејзината анатомија и физиологија, најчестите болести, паразити и предатори, процесот на опрашување, како и со вредните пчеларски производи и придобивките од апитерапијата и апитуризмот.

Пчелни живеалишта
Посебно место во Паркот заземаат разновидните пчелни живеалишта и нагледни средства, како што се примитивните кошници, т.н. трмки, различни типови современи пчелни живеалишта, хотел за опрашувачи и песочно живеалиште за солитарни инсекти – сандариум. Дополнително, изложени се и примероци од пчеларска опрема и алати, со што посетителите добиваат целосна слика за развојот на пчеларството низ времето и во праксата.
Студентите во Паркот
Студентите на факултетот се активно вклучени во секојдневната грижа, одржување и збогатување на содржините во паркот, што претставува непроценлив дел од нивниот практичен едукативен процес. Преку спојот на природата, науката и ангажманот на младите, Паркот на пчелата претставува вистинско катче каде што секој посетител може да научи нешто ново, да ја разбере нераскинливата врска меѓу природата и човекот и да даде свој придонес кон зачувувањето на опрашувачите.
Посета
Паркот е постојано отворен за посетители, а доколку планирате организирана тура со стручно лице, слободно обратете се до Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели.
Personat
ред. проф. д-р Александар Узунов
Profesor ordinar
E-mail: uzunov
@fznh.ukim.edu.mk Telefoni: +389 2 3255 100
Кабинет 91
Консултации: вторник 09:00–11:00, среда 09:00–11:00
Përditësuar më
Laboratorët
Laboratorët e Fakultetit
Laboratorë të akredituar dhe kërkimorë-shkencorë, me analizat që kryejnë.



