Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје во соработка со MacBee, и оваа година го организира настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“.
Ова е осми по ред настан кој традиционално се одржува со меѓународно учество. Оваа година, главен предавач ќе биде проф. д-р Чао Чен од Кинеската академија за земјоделски науки од Пекинг во Кина на тема „Пчеларството во Кина, со акцент на производство на матичен млеч“.






