Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, интензивно работи на демонстративни опити со цел истражување и употреба на технологии за паметно земјоделство, кои би овозможиле одржливост и отпорност на земјоделското производство во услови на климатски промени.
Една од целите на проектот „Паметно земјоделство за адаптација кон климатските промени“ (КЛИМАГРИ – CLIMAGRI) е да ја вклучи младата генерација и да ја запознае со можностите за адаптација на земјоделството кон климатските предизвици. Факултетот им се заблагодарува на наставниот кадар и на средношколците од ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ – Куманово и од СУГС „Георги Димитров“ – Скопје за учеството на обуката и за интересот за иновативните дигитални и агротехнички решенија во земјоделството.






