Konkurse dhe bursa
Половина уписнина за студенти од еднородителски семејства 2026/2027
Интерен оглас на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста да плаќаат половина од износот на уписнината за прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.
Право на учество има секој студент државјанин на Република Северна Македонија што го запишал зимскиот семестар на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година, а има само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, починат родител или родител што го загубил родителското право.
Пријавата, со документите во PDF-формат, се доставува до претседателот на Комисијата на Факултетот, на објавената електронска адреса, најдоцна до 14 октомври 2026 година. Бруцошите во неа го наведуваат вкупниот број поени со кои се запишале, а студентите од повисоките години – просечниот успех од положените испити.
Ранг-листите се објавуваат најдоцна до 20 октомври 2026 година, приговор може да се поднесе до 28 октомври, а конечната ранг-листа се објавува најдоцна до 9 ноември 2026 година.
Повеќе информации: стипендии и погодности на Универзитетот.


