Përmbajtja e kësaj faqeje është në gjuhën maqedonase.
Laboratori
Лабораторија за бихејвиорални и експериментални економски науки – LaBEES
Лабораторијата за бихејвиорални и експериментални економски науки – LaBEES при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е современа истражувачка лабораторија наменета за проучување на економското однесување и процесите на донесување одлуки преку примена на експериментални и бихејвиорални методи.
- Instituti
- Instituti për Agroekonomi
- Fusha
- Ekonomia dhe bujqësia digjitale
Лабораторијата претставува прва специјализирана лабораторија од овој тип во Западен Балкан и создава услови за спроведување контролирани економски експерименти, истражувања на потрошувачкото однесување, преференциите на земјоделските производители и други економски субјекти, како и за тестирање на ефектите од различни пазарни и јавни политики.
Истражувањата во LaBEES се базираат на пристапи во кои учесниците носат реални или стимулирани економски одлуки, со што се овозможува подобро разбирање на факторите што влијаат врз изборот и однесувањето на индивидуите.
Истражувачки области
Активностите на лабораторијата опфаќаат:
- Бихејвиорална и експериментална економија
- Економија на потрошувачкото однесување и истражување на преференции
- Експериментални аукции и нехипотетички методи за вреднување
- Дискретни изборни експерименти (Discrete Choice Experiments)
- Мерење на преференции кон ризик и време
- Доверба, соработка, реципроцитет и други форми на социјални преференции
- Експериментално тестирање на мерки и инструменти на јавни политики
- Однесување на земјоделски производители и други учесници во земјоделско-прехранбените синџири
- Тестирање на нови производи, иновации и пазарни концепти
- Економетриска анализа на експериментални и бихејвиорални податоци
Истражувачка инфраструктура
LaBEES располага со 11 компјутерски работни места за учесници во експерименти и со специјализирана инфраструктура и софтвер за дизајнирање, организирање и спроведување лабораториски и теренски истражувања.
Во работата се користат z-Tree, ORSEE и Qualtrics, како и различни експериментални методи и механизми, меѓу кои BDM и други видови аукции, dictator, trust и public goods games, choice experiments и експериментални задачи за мерење на ризични и временски преференции.
Соработка со науката, бизнисот и јавниот сектор
Покрај научноистражувачката и образовната функција, LaBEES е насочена кон примена на бихејвиоралната и експерименталната економија во решавање реални проблеми.
Лабораторијата овозможува развој и спроведување истражувања за потребите на компании, земјоделски производители, институции, креатори на политики и други организации, вклучително тестирање на потрошувачки преференции, прифатливост и вреднување на производи, однесување на пазарот и ex-ante тестирање на различни мерки и политики.
На овој начин, LaBEES претставува платформа за поврзување на науката, бизнисот и јавните политики, со цел обезбедување научно засновани податоци и докази за подобро донесување одлуки.
Тим и меѓународна соработка
Во развојот на истражувачките активности на LaBEES се вклучени и меѓународни соработници од областа на бихејвиоралната и експерименталната економија:
- проф. д-р Андреас Дрихутис – визитинг професор, Земјоделски универзитет во Атина, Грција
- проф. д-р Родолфо М. Најга – Универзитет Тексас А&М, САД
- проф. д-р Марко Палма – Универзитет Тексас А&М, САД
Преку домашна и меѓународна соработка, лабораторијата има за цел да придонесе кон развојот на експерименталната економија, современите истражувачки методи и нивната практична примена во земјоделско-прехранбениот сектор и пошироко.
Спроведени експерименти
Експеримент со производи на „Витаминка“ АД Прилеп, 2026
LaBEES успешно реализираше соработка со „Витаминка“ АД Прилеп, поддржана преку EIT Food RIS и програмата InfraBooster, насочена кон тестирање на новата научно базирана R&D услуга за анализа на однесување на потрошувачите.
Во рамки на соработката беше дизајнирано и спроведено контролирано лабораториско истражување со примена на Becker–DeGroot–Marschak (BDM) методологијата за мерење на реалната подготвеност на потрошувачите да платат за производ.
Истражувањето опфати четири производи од брендовите Fitin и Despina (чоколадни и интегрални колачи), при што експериментот беше спроведен во две фази:
- Проценка врз основа на пакување и информации за производот
- Повторна проценка по дегустација
Овој пристап овозможи прецизно издвојување на ефектите од брендирањето, пакувањето и сензорското искуство врз вреднувањето на производите од страна на потрошувачите.
Истражувањето беше реализирано под раководство на проф. д-р Марина Нацка, како носител на истражувањето, со цел обезбедување научно валидни и применливи резултати кои директно можат да се користат за развој на производи, позиционирање на брендови и маркетинг стратегии.
Лабораторијата упатува посебна благодарност до „Витаминка“ и Орде Ѓорѓиоски за одличната соработка, довербата и отвореноста кон примена на научно базирани пристапи во донесувањето бизнис одлуки.
Преку поддршката од EIT Food, LaBEES дополнително го зајакна својот капацитет за трансфер на знаење и развој на пазарно ориентирани истражувачки услуги, со што се зајакнува поврзаноста помеѓу науката, иновациите и индустријата во земјоделско-прехранбениот сектор.
Fotografi (8)
Теренски економски експеримент со земјоделци, 2025
Наесен 2025 година LaBEES спроведе теренски економски експеримент (lab-in-the-field discrete choice experiment), со посета на општини и рурални заедници во осумте статистички региони во Северна Македонија.
Земјоделците ги оценуваа клучните атрибути на сегашните програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој, ЕУ-усогласените атрибути на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и можни транзициски модели за поддршка на земјоделците.
Реализирани беа повеќе од 20 теренски сесии и дополнителни 4 сесии во LaBEES.
Земјоделците носеа одлуки кои ја откриваа нивната спремност да заменуваат една придобивка со друга: повисоки исплати наспроти помала бирократија, посилна инвестициска поддршка, различни ЗЗП-усогласени елементи на политиката и останати атрибути, нагласувајќи што навистина им е важно кога ќе се соочат со реални ограничувања.
Со поддршка на 40 советници од АПРЗ беа успешно регрутирани 226 земјоделци – претставници на репрезентативни ФАДН стопанства.
Посебна благодарност до:
- Земјоделците кои одвоија време и искрено ги споделија своите ставови
- Советниците од АПРЗ за одличната соработка и организација
- Студентите Сара, Ана, Ѓорги и Миа, кои учествуваа во спроведување на експериментот, поддршката за земјоделците, поставување опрема и логистика на секоја локација
Овие податоци се основа за систематска анализа на преференциите на земјоделците и можат да придонесат кон креирање мерки кои подобро ги одразуваат реалните потреби и приоритети на земјоделците, особено во делот на административно поедноставување, инвестициска поддршка и усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ.


