ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА

Институтот за храна е формиран во 2010 година. Институтот има 9 вработени од кои седум се со наставнонаучно звање, а двајца се виши лаборанти. Вработените на Институтот учествуваат во реализација на наставнообразовната дејност, научно-истражувачка дејност, стручно-апликативна дејност, како и поголем број на активности од поширок интерес. Во рамките на Институтот се работи во повеќе лаборатории, во кои се изведува практична настава за студентите од прв циклус, и научно-истражувачка работа со студентите од втор и трет циклус студии. На тој начин студентите се стекнуваат со практични вештини и компетенции, со цел да бидат конкурентни на пазарот на трудот од областа на квалитетот и безбедноста на храната. Вработените на Институтот учествуваат во реализација на бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти. Добиените резултатите од истражувањата се презентитраат на настани од меѓународен карактер, а исто така се објавуваат во реномирани меѓународни научни списанија. Во активностите во рамките на проектите се вклучени и студентите на магистерските и докторските студиии. Вработените на Институтот за храна и студентите реализираат студиски престои во странство во рамките на различни програми и на тој начин ја развиваат меѓународната соработка на Факултетот. Исто така, во рамките на Институтот се вршат и апликативни дејности и се воспоставува оработка со институции од земјата и странство во областа на квалитетот и безбедноста на храната.

  • Катедра за квалитет и безбедност на храна
  • Катедра за преработка на овошје и зеленчук
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Додипломски студии (8 семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Преку реализирање на предметните програми на студиска програма Квалитет и безбедност на храна, студентите се стекнуваат со знаења и вештини од земјоделските и природните науки, кои обработуваат содржини поврзани со квалитетот и безбедноста на храната. Студентите стекнуваат знаење за потеклото на храната, производството на храната, параметрите за квалитет и безбедност, процесите и технологиите на преработка на храната, како и принципите за квалитет и безбедност на храна. Основните вештини за практичната работа студентите ги стекнуваат во лабораториите на факултетот, со цел понатаму стекнатото знаење да го применат во различни лаборатории и други институции во стопанството, според потребите на пазарот на трудот. По завршување, студентите добиваат титула дипломиран земјоделски инженер.

Магистерски студии (2 и 4 семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Во вториот циклус студии, студентите преку задолжителни и изборни предметни програми се стекнуваат со основите на научно-истражувачката работа. Со оглед на тоа што квалитетот и безбедноста на храната се сегменти кои се постојано актуелни и во развој, постои потреба и интерес за стекнување на знаења и вештини неопходни за овој сектор. Преку студиска програма Квалитет и безбедност на храна се истакнува важноста од поврзаноста на науката со праксата), и се поврзуваат науката, земјоделците, индустријата, законите и потрошувачите. Постојано се следат трендовите во примарното земјоделско производство, иновациите во прехранбената индустрија, производството на функционална и органска храна, притоа основна цел е добивање на квалитетен и безбеден производ кој е за широка потрошувачка. По завршување, студентите добиваат титула магистер на земјоделски науки - Квалитет и безбедност на храна.

Докторски студии (шест семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

pdf БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА 451.21 Kb

hrana_isnt.png

ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА

Катедра за квалитет и безбедност на храна

 

Катедра за преработка на овошје и зеленчук

Лаборанти
  • Марија Ѓоргоска, Виш лаборант, Област: Квалитет и безбедност на храна, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • Сунчица АНДОНОВА, Виш лаборант, Област: хемија, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете