Во рамки на Деновите на кариера во чест на 76 години постоење на ФЗНХ, Ве покануваме да земете активно учество на 12.12.2023 (вторник) од 10-13 часот бо просторија 25.
ПОДГОТВИ СЕ – ВРАБОТИ СЕ
Паметнo барање на работа: практични вештини и увиди - пишување CV / креирање на профил на LinkedIn / разбирање на огласите за работа / однесување на интервју - предавач од Manpower South East Europe Разговор со регрутери - Регрутери од Manpower SEE Macedonia
Интерактивна вежба за препознавање на нашите сили и можностите за развој
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности...
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!