„Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“ |
| Испечати |
|
„Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“
Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“. Настанот, кој MacBee веќе традиционално го организира неколку години наназад и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи. Главен презентер ќе биде гостинот од Австрија, г-ца Ана Пернер, професионален пчелар. Г-ца Пернер има долгогодишно искуство на пчеларење на семејната пчеларска фарма, која е една од најголемите производители на пчелни матици во Австрија. Таа е ангажирана и како секретар во Австриското здружение на одгледувачи на Крањска пчела (ACA). Темата на која ќе презентира г-ца Пернер е „Наш начин на пчеларење“.
Настанот ќе се одржи на 15 декември 2019 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
|
|
ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ФЗНХ |
| Испечати |
|
14.12.2019
ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ФЗНХ
Студентите, заедно со професорите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје се вклучија во акцијата ,,Не биди ѓубре,, и покажаа дека сакаат чиста животна средина со средување на просторот околу факултетот.
Оваа акција е дел од серијата настани што ФЗНХ ги спроведува оваа недела, во чест на своето 72 годишно постоење.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
Резултати 37 - 42 од 146 |