|
Предновогодишна забава 24.12 - ЦК |
| Испечати |
|
Почитувани,
Ве покануваме на предновогодишна забава организирана од страна на волонтерите на Центарот за кариера на ФЗНХ.
ô Настанот ќе се одржи на 24.12.2025 (среда) во просторот на факултетот ô12-15h.
Со себе донесете насмеани лица и позитивна енергија и нешто кеш за учество во лотаријата 
Центар за кариера ФЗНХ- Скопје
во состав на Центарот за кариера на УКИМ во Скопје
|
|
|
12.12.2025 ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ, А ДРУГО ДА УМЕЕШ |
| Испечати |
|
ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ, А ДРУГО ДА УМЕЕШ
На 12.12.2025 год. студентите од ФЗНХ во организација на проф. Зоран Поповски реализираа теренска настава преку посета на биогасната централа во с. Сарамзалино и винаријата Камник.
Наставата се реализираше во рамки на предметот ГМО, а целта беше да се поврзе теоретскиот дел од наставата со потенцијалните можности за примена на новите сознанија во развојот на овие компании.
Наши домаќини во биогасната централа беа Арти и Елена кои ги запознаа студентите со процесот на управување со различен земјоделско-сточарски отпад и производство на биогас. По посетата на постројките и лабораторијата се разви интересна дискусија за тоа како генетското инженерство може да ги унапреди овие биотехнолошки процеси.
Теренската настава продолжи во винаријата Камник каде што домаќини беа Сандра и Јане кои ги воведоа студентите во тајните на биотехнолошките процеси при производство на вино. И во овој случај по посетата на погоните и лабораторијата се разговараше за евентуална примена на генетски модификации во винарската индустрија. На крајот, домаќините ги почестија студентите со дел од својот вински асортиман преку дегустација.
Особено треба да се истакне големиот интерес на студентите во текот на посетите и нивното активно учество во интересните дискусии.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 13 - 18 од 276 |