Соработка
Меѓународна соработка и мобилност

Образовната интернационализација е овозможена преку програмите за мобилност ERASMUS+ и CEEPUS, како и преку директните билатерални договори со други високообразовни институции.
Мобилност на студентите и на вработените
На овој начин на студентите им се овозможува развој на компетенциите и тоа во однос на комуникацијата, соработката, креативноста и решавањето проблеми, односно компетенции што се од суштинско значење за правилно функционирање во општество, кое станува сѐ поглобално. Од друга страна, вработените на Факултетот имаат можност преку овие програми да ги надградат своите знаења и вештини на престижни високообразовни универзитети од Европа и светот.
Erasmus+
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје успешно се реализира програмата Erasmus+ на Европската Унија во областа на високото образование, која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Во рамки на програмата Erasmus+, на УКИМ се распишуваат годишни конкурси за реализација на мобилности на студенти и наставен кадар, на високо-образовни и научни институции во Европа, со кои се склучени Erasmus договори за соработка.
CEEPUS
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје дел од три меѓународни CEEPUS мрежи
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, активно учествува во три меѓународни академски мрежи во рамките на програмата CEEPUS (Central European Exchange Programme for University Studies), кои отвораат нови можности за академска мобилност и меѓународна соработка.
Во академската 2026/2027 година, Факултетот е вклучен во следните мрежи:
- HU-0003 – Agriculture and Environment in the 21st Century – @groen
- SI-1817 – Tourism and Agriculture Sustainable Alliances – #TASA
- SI-2023 – Innovative Biosciences for Sustainable Agriculture in Southeast Europe (Umbrella Network)
Преку учеството во овие мрежи, на студентите и наставниот кадар им се отвораат можности за студиски престои, размена на знаења и искуства, наставни и истражувачки активности на партнерски универзитети во земјите од Централна и Источна Европа.
Со ова, Факултетот продолжува да ја зајакнува својата меѓународна соработка, да ја поттикнува академската мобилност и да придонесува кон унапредување на квалитетот на високото образование и научноистражувачката дејност.
Повеќе информации за можностите за мобилност и аплицирање се достапни на официјалната страница на CEEPUS.
Визитинг-професори
Визитинг-професорите се признати научници од странство кои, на покана на Наставно-научниот совет, како гости учествуваат во високообразовната и научноистражувачката дејност на Факултетот. Нивното ангажирање го одобрува Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по предлог на Наставно-научниот совет на Факултетот.
- проф. д-р Hossein Azadi – Универзитет во Лиеж, Белгија
- проф. д-р Андреас Дрихутис – Земјоделски универзитет во Атина, Грција
- проф. д-р Јака Жгајнар – Биотехнички факултет, Универзитет во Љубљана, Словенија
- проф. д-р Мирела Кајкут Зељковиќ – Земјоделски факултет и Институт за генетски ресурси, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина
- проф. д-р Rodolfo M. Nayga Jr. – Универзитет Тексас А&М, САД
- проф. д-р Фотис Пападемас – Универзитет за технологија во Кипар
- проф. д-р Зорица Средојевиќ – Земјоделски факултет, Универзитет во Белград, Србија
- проф. д-р Кирил Д. Христовски – Државен универзитет на Аризона, САД
- проф. д-р Миљан Цветковиќ – Земјоделски факултет, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина
Ангажман по академски години
| Визитинг-професор | Академска година | Институт | Предмети |
|---|---|---|---|
| проф. д-р Андреас ДрихутисАкадемска година: 2026/2027Институт: Институт за агроекономикаПредмети: Однесување на потрошувачите, Маркетинг на земјоделски производи | 2026/2027 | Институт за агроекономика | Однесување на потрошувачите, Маркетинг на земјоделски производи |
| проф. д-р Јака ЖгајнарАкадемска година: 2026/2027Институт: Институт за агроекономикаПредмети: Вовед во операциони истражувања, Сметководство на фарми, Анализа на работење | 2026/2027 | Институт за агроекономика | Вовед во операциони истражувања, Сметководство на фарми, Анализа на работење |
| проф. д-р Фотис ПападемасАкадемска година: 2026/2027Институт: Институт за анимална биотехнологијаПредмети: Технологија на млеко и млечни производи | 2026/2027 | Институт за анимална биотехнологија | Технологија на млеко и млечни производи |
| проф. д-р Фотис ПападемасАкадемска година: 2025/2026Институт: Институт за анимална биотехнологијаПредмети: Технологија на млеко и млечни производи | 2025/2026 | Институт за анимална биотехнологија | Технологија на млеко и млечни производи |
| проф. д-р Hossein AzadiАкадемска година: 2025/2026Институт: Институт за животна срединаПредмети: Квалитет на почви и води, Фертиригација | 2025/2026 | Институт за животна средина | Квалитет на почви и води, Фертиригација |
| проф. д-р Андреас ДрихутисАкадемска година: 2025/2026Институт: Институт за агроекономикаПредмети: Маркетинг на земјоделски производи, Однесување на потрошувачите | 2025/2026 | Институт за агроекономика | Маркетинг на земјоделски производи, Однесување на потрошувачите |
| проф. д-р Јака ЖгајнарАкадемска година: 2025/2026Институт: Институт за агроекономикаПредмети: Вовед во операциони истражувања | 2025/2026 | Институт за агроекономика | Вовед во операциони истражувања |
| проф. д-р Зорица СредојевиќАкадемска година: 2024/2025Институт: Институт за агроекономикаПредмети: Анализа на работење, Трошоци и калкулации | 2024/2025 | Институт за агроекономика | Анализа на работење, Трошоци и калкулации |
| проф. д-р Hossein AzadiАкадемска година: 2024/2025Институт: Институт за животна срединаПредмети: Управување со води во земјоделството, Наводнување | 2024/2025 | Институт за животна средина | Управување со води во земјоделството, Наводнување |
| проф. д-р Кирил Д. ХристовскиАкадемска година: 2024/2025Институт: Институт за животна срединаПредмети: Педологија, Квалитет на почви и води | 2024/2025 | Институт за животна средина | Педологија, Квалитет на почви и води |
| проф. д-р Миљан ЦветковиќАкадемска година: 2024/2025Институт: Институт за овоштарство, лозарство и винарствоПредмети: Овоштарство, Овошни култури, Производство на овошен саден материјал, Подигнување и одгледување овошни насади, Познавање на овошје и зеленчук | 2024/2025 | Институт за овоштарство, лозарство и винарство | Овоштарство, Овошни култури, Производство на овошен саден материјал, Подигнување и одгледување овошни насади, Познавање на овошје и зеленчук |
| проф. д-р Мирела Кајкут ЗељковиќАкадемска година: 2024/2025Институт: Институт за растително производствоПредмети: Современи генетски методи, Селекција на растенијата, Биолошка разновидност во земјоделството | 2024/2025 | Институт за растително производство | Современи генетски методи, Селекција на растенијата, Биолошка разновидност во земјоделството |
Документи
Ажурирано на
Лаборатории
Лабораториите на Факултетот
Акредитирани и научноистражувачки лаборатории, со анализите што ги вршат.


