ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА

Институтот за заштита на растенијата и земјоделска техника се состои од 4 различни катедри, Катедрата за фитопатологија, Катедрата за ентомологија, Катедрата за општо поледелство и Катедрата за земјоделска техника. Има вкупно 10 вработени во Институтот, од кои 8 се вклучени во образовно-истражувачките активности, а 2 лица работат како лаборанти. Главните активности на вработените во Институтот се едукација на студентите и истражувачка работа, фокусирана на болестите кај растенијата предизвикани од габи, бактерии и вируси, штетите кај растенијата предизвикани од инсекти, паразити и други штетници, плевели, фитофармација, интегрално управување со штетници, биолошка контрола на штетните организми, земјоделски машини и нивната експлоатација, процесна технологија, механизација во производството на растенија и механизација во сточарското производство, хомологација на земјоделска техника и опрема за обработка. Во исто време, Институтот се занимава со долгогодишна апликативна дејност, од областа на здравствената состојба на растенијата, биолошката ефикасност на пестициди, обука на земјоделците, тестирање на експлоатациски својства на земјоделските машини и орудија кои се користат во земјоделството итн.

pdf БРОШУРА- ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА 1.13 Mb

zastita.png

Катедра за фитопатологија

Катедра за ентомологија

Катедра за земјоделска техника

Катедра за општо поледелство

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Додипломски студии (8 семестри):
Заштита на растенијата - Фитомедицина
Студентите на студиската програма Фитомедицина се запознаваат со најважните штетни организми во земјоделското производство, како што се патогените организми (габи, бактерии, вируси, фитоплазмите, паразитски цветници и слично), штетниците (инсекти, пајачиња, нематоди и слично) и плевелите, како и со системите за контрола на штетници и интегрирано управување со културите и интегрирано управување со штетниците.

Магистерски студии (2 и 4 семестри):
Фитомедицина, Модули: Фитопатологија, Ентомологија, Хербологија и Фитомедицина.
Земјоделска механизација, Модули: Механизација во растително производство и Механизација
во сточарско производство.

Докторски студии (6 семестри): Заштита на растенијата (Фитомедицина)


ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА

 

Катедра за фитопатологија

Катедра за ентомологија

Катедра за земјоделска техника

Катедра за општо поледелство

  Лаборанти:

  • Ксенија Марковска, Лаборант, Област: Ентомологија, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете