Heal-In-One
Информации за проектот Еразмус+ HEAL-in-ONE

Факултетот за земјоделкси науки и храна во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" од Скопје го спроведува проектот ЕРАЗМУС+ од 2022 до 2025 година под името: „Од дигитална технологија до образовна алатка: Подобрување на квалитетот на активно учење и настава во онлајн и хибридна средина во применетите дисциплини на земјоделските науки". 

Акроним на проектот: HEAL-in-ONE 
Програма: Еразмус+ 

Тип на акција: KA220-HED - Партнерство за соработка во високото образование 

Покана: 2021 година „Од дигитална технологија до едукативни алатки: Подобрување на квалитетот на активното учење/настава во онлајн и хибридна средина во применетите дисциплини на земјоделските науки" (анг. „From digital technology to educational tools: Improving the quality (анг. „From digital technology to educational tools: Improving the quality of active learning and teaching in the online and hybrid environment in applied disciplines of agricultural sciences - HEAL-in-ONE") 

Повик: 2021 

Проект Еразмус+: бр. 2021-1-RS01-KA220-HED-000032054 

Во рамките на проектот, под споменатиот наслов, планирано е да се развијат методи на активно учење и подучување на учениците во хибридна средина (онлајн и во живо во училници и дома). Постојат бројни методи кои активно ги ангажираат студентите во совладување на теоретската и практичната содржина на предметот (колаборативни и кооперативни методи на активно учење и настава, како и други методи), ги активираат и мотивираат студентите проактивно да стекнуваат знаења, вештини, креативни и критички размислување и градење ставови за стекнување општи и предметни специфични компетенции во применетите дисциплини на земјоделските науки. HEAL-in-ONE (скратено од: Higher Education Active Learning in ONline Education) проектот се спроведува во соработка со партнерските високообразовни институции: Универзитетот во Белград, Универзитетот Јосип Јурај Штросмаер во Осиек, Осиек, Хрватска, Универзитетот Св. Кирил и Методиј" од Скопје, Скопје, Република Северна Македонија и Тракијскиот универзитет, Стара Загора, Бугарија, како и образовниот форум, Белград, Србија. Координатор на проектот е Универзитетот во Белград. Раководител на проектот е проф. д-р Славча Христов. Повеќе информации за проектот може да најдете на веб-страницата: https://heal-in-one.agrif.bg.ac.rs/

pdf heal_in_one


1 / 10
2 / 10
3 / 10
4 / 10
5 / 10
6 / 10
7 / 10
8 / 10
9 / 10
10 / 10

 

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Наредни слики: