Heal-In-One |
Информации за проектот
Еразмус+ HEAL-in-ONE
Факултетот за
земјоделкси науки и храна во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" од
Скопје го спроведува проектот ЕРАЗМУС+ од 2022 до 2025 година под името: „Од дигитална технологија до образовна алатка:
Подобрување на квалитетот на активно учење и настава во онлајн и хибридна
средина во применетите дисциплини на земјоделските науки".
Акроним на
проектот: HEAL-in-ONE
Програма:
Еразмус+
Тип на акција:
KA220-HED - Партнерство за соработка во високото образование
Покана: 2021
година „Од дигитална технологија до едукативни алатки: Подобрување на
квалитетот на активното учење/настава во онлајн и хибридна средина во
применетите дисциплини на земјоделските науки" (анг. „From digital technology to educational tools:
Improving the quality (анг. „From digital technology to educational tools:
Improving the quality of active learning and teaching in the online and hybrid
environment in applied disciplines of agricultural sciences - HEAL-in-ONE")
Повик: 2021
Проект Еразмус+:
бр. 2021-1-RS01-KA220-HED-000032054
Во рамките на
проектот, под споменатиот наслов, планирано е да се развијат методи на активно
учење и подучување на учениците во хибридна средина (онлајн и во живо во
училници и дома). Постојат бројни методи кои активно ги ангажираат
студентите во совладување на теоретската и практичната содржина на предметот
(колаборативни и кооперативни методи на активно учење и настава, како и други
методи), ги активираат и мотивираат студентите проактивно да стекнуваат знаења,
вештини, креативни и критички размислување и градење ставови за стекнување
општи и предметни специфични компетенции во применетите дисциплини на
земјоделските науки. HEAL-in-ONE (скратено од: Higher Education Active Learning
in ONline Education) проектот се спроведува во соработка со партнерските
високообразовни институции: Универзитетот во Белград, Универзитетот Јосип Јурај
Штросмаер во Осиек, Осиек, Хрватска, Универзитетот Св. Кирил
и Методиј" од Скопје, Скопје, Република Северна Македонија и Тракијскиот
универзитет, Стара Загора, Бугарија, како и образовниот форум, Белград, Србија.
Координатор на проектот е Универзитетот во Белград. Раководител
на проектот е проф. д-р Славча Христов. Повеќе информации за проектот
може да најдете на веб-страницата: https://heal-in-one.agrif.bg.ac.rs/
Наредни слики:
|