Уписи II Циклус
Уписи II Циклус



Уписи II Циклус 2022/23



Резултати II Циклус студии 2022/23


ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ 2022/23

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.  
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.   Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите. 
 Во предмет (Subject) на електронската пошта  ( Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете ) кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.   Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:  
-       пријавен лист за запишување;  
-       електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);  
-       оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);  
-       куса биографија (CV);  
-       потврда за активно познавање странски јазик;  
-       потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот:   Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-   ХХХ-03161; Конто 722313 00);  
-       препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);  
-       список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);  
-       документи за евентуални награди, признанија и други документи.  

Уписи II Циклус 2021/22


Уписи II Циклус 2020/21


pdf Извадок од конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2020/2021 година

Уписи II Циклус 2020/21

pdf Извадок од конкурс за втор циклус студии 2020/21 учебна година






УПИСИ 2019/20 УЧЕБНА ГОДИНА
pdf СООПШТЕНИЕ ЗА II ЦИКЛУС МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ 2019/2020 УЧЕБНА ГОДИНА



СООПШТЕНИЕ

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на 241. седница, одржана на 17.9.2019 година донесе Одлука за изменување на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во учебната 2019/2020 година.


ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИ ЗА РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

  Прв рок
Втор рок*
Пријавување на кандидатите 10 септември - 25 октомври 2019 08 јануари - 2 март 2020
Запишување на кандидатите 28-30 октомври 2019 3 - 5 март 2020

ОД  ДЕКАНАТОТ НА ФЗНХ


На линкот е објавен интегралниот текст