Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Одлука за утврдување испитни термини
Одлука за утврдување испитни термини

PDF:  pdf odluka_za_broj_na_sesii_fznh__2017-18 149.27 Kb

Врз основа на член 63, а во врска со член  153 и 180 од Законот за високото образование (Сл.весник на РМ бр.35/2008, бр.103/2008, бр.26/2009, бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013, бр.24/2013, бр.41/2014, бр.116/2014, бр.130/2014, бр.10/2015, бр.20/2015), член 254, 255 и 371 од Статутот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник-пречистен текст, година XIII, број 251, од 24 јули 2013 година) и член 38 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЗНХ во состав на УКИМ во Скопје, ННС на 3-та седница, одржана на 14.9.2017 година, донесе

О Д Л У К А

за утврдување испитни термини во есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок за студентите на ФЗНХ во состав на УКИМ во Скопје во учебната 2017/2018 година

Член 1

Студентите имаат право да ги полагаат предметите во рамките на: зимскиот, есенскиот и летниот испитен рок. Испитните рокови траат најмалку 3 недели.

Член 2

Редовните и вонредните студенти од прва до четврта година можат да ги полагаат предметите во следниве испитни термини во есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок во учебната 2017/2018 година, и тоа:

1.Јануарски испитен термин, кој ќе трае од 8 до 29 јануари;

2.Испитен термин мај/јуни, кој ќе трае од 21 мај до 15 јуни;

3.Испитен термин август/септември, кој ќе трае од 15 август до 15 септември.

Член 3

На студентите кои имаат презапишано четврта година по прв или неколку пати (апсолвенти) на сите студиски програми на прв циклус студии и на студентите на втор циклус студии кои имаат запишано и заверено втор на едногодишни и двегодишни студии, односно трет или четврти семестар на двегодишни студии на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје заклучно со почетокот на учебната 2017/2018 година, а ги исполниле условите и обврските предвидени според Статутот на УКИМ, студиската програма и правилата на студирање на ФЗНХ, им се одобрува да ги полагаат испитите во следниве дополнителни испитни термини во есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок во учебната 2017/2018 година:

Есенски испитен рок:

  1. Октомвриски испитен термин, кој ќе трае од 16 до 31 октомври;
  2. Ноемвриски испитен термин, кој ќе трае од 15 до 30 ноември;

Зимски испитен рок:

  1. Декемвриски испитен термин, кој ќе трае од 18 до 29 декември;
  2. Јануарски испитен термин (редовен термин), кој ќе трае од 8 до 29 јануари;
  3. Февруарски испитен термин, кој ќе трае од 15 до 28 февруари;
  4. Мартовски испитен термин, кој ќе трае од 19 до 31 март;
  5. Априлски испитен термин, кој ќе трае од 16 до 30 април.

Летен испитен рок:

1.      Испитен термин мај/јуни (редовен термин), кој ќе трае од 21 мај до 15 јуни;

2.      Испитен термин август/септември (редовен термин), кој ќе трае од 15 август до 15 септември.

Надоместокот за пријавување на испитите за студентите од член 3, во дополнителни испитни термини во есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок изнесува 400,00 денари за полагање на секој испит на една предметна програма.

Член 4

На студентите кои имаат запишано втора, трета и четврта година на сите студиски програми на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје заклучно со почетокот на учебната 2017/2018 година, а ги исполниле условите и обврските предвидени според Статутот на УКИМ, студиската програма и правилата на студирање на ФЗНХ, им се одобрува да ги полагаат испитите во следниве дополнителни испитни термини во зимскиот испитен рок во учебната 2017/2018 година:

Зимски испитен рок:

  1. Октомвриски испитен термин, кој ќе трае од 16 до 31 октомври;
  2. Декемвриски испитен термин, кој ќе трае од 18 до 29 декември;
  3. Мартовски испитен термин, кој ќе трае од 19 до 31 март;

Надоместокот за пријавување на испитите за студентите од член 4, во дополнителни испитни термини во зимскиот испитен рок изнесува 400,00 денари за полагање испит на една предметна програма.

Член 5

Наставниците доставуваат по два термина во редовните испитни рокови на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, односно по еден термин за дополнителните испитни рокови предвидени со членот 3 и 4 од оваа Одлука. Наставниците ги внесуваат оценките во индекс и пријава согласно термините утврдени во член 3 и 4 и согласно датумот на реализираниот испит објавен на огласната табла на ФЗНХ.

Член 6

Од плаќањето на надоместок за полагање испити од членот 3 и 4 се ослободени студентите (посебни категории на лица) кои се опфатени со Законот за високото образование, Статутот на УКИМ и одлуки на органите на Универзитетот и Факултетот.

Член 7

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а истата ќе се објави на огласната табла на Факултетот.

       Д   Е  К  А Н,

    _____________________________

                                                                Проф. д-р  Вјекослав Танасковиќ

PDF:  pdf odluka_za_broj_na_sesii_fznh__2017-18 149.27 Kb

< Претходно   Следно >

Choose Your Language

Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Информатори

picture1.jpg НОВО!!! Најнов информатор!
pdf Informator_2016_2017 12.62 Mb
pdf Informator_2015 12.73 Mb
Информатори за студентите по стара програма - запишани до 2010 година:
pdf Informator2004 2.29 Mb
pdf Informator2007-2008 2.87 Mb
pdf Informator2009-2010 1.92 Mb

Основната литература за соодветен предмет по соодветна студиска година е соджана во документот со име: име на студиска програма ПП.pdf во делот предметни програми за соодветната студиска програма. ЛИНК:  http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/dodiplomski/  

  • Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје

Анкета

Што мислите за новата страна