Професионална платена работна пракса во САД

Презентација на американската компанија - WISE - професионална платена работна пракса во САД

  

Се известуваат сите студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје дека  на 8.4.2019 година  (понеделник) во 13 часот, во амфитеатар 30, ќе се одржи информативен состанок и презентација на американската компанија - WISE (The Foundation for Worldwide International Student Exchange), која овозможува реализација на професионална платена работна пракса во САД (програма 4-6 месеци).  Сите заинтерасирани се покануваат да учествуваат на овој настан.