Завршен настан на проект 07.02.2019...
baner.jpg

 

Во рамките на проектот "Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод", Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, поддржан од Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women, организира завршен настан за презентација на наодите од Индексот на зајакнатост на жените во земјоделствотомоќта на жените во донесувањето на одлуки во земјоделските стопанства, како и родово-сензитивната анализа на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се дефинираат препораки за институциите - креатори на политики, организациите и невладиниот сектор, по однос на прашањето за родова еднаквост и вклученоста на жените во земјоделскиот сектор.

  Настанот ќе се одржи на 7ми февруари 2019 година (четврток), во амфитеатар бр. 40, со почеток во 12:00 часот.

pdf Програмата за настанот 07.02.2019 802.11 Kb.

 

http://eca.unwomen.org/en/news/events/2019/02/conference-on-improving-the-gender-responsiveness-of-agriculture-and-rural-development-policies