АНКЕТА ЗА СТУДЕНТИ- ГУЕССС

АНКЕТА ЗА СТУДЕНТИ - ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИ НАМЕРИ ПОМЕЃУ СТУДЕНТИТЕ ВО СВЕТОТ

Глобално истражување за утврдување на претприемнички намери помеѓу студентите во светот, како и за намерите за наследување на семејни бизниси (во оригинал: Global University Entrepreneurial Spirit Students), се врши на иницијатива на Универзитетот "Св. Гален" од Швајцарија.
Истражувањето се спроведува на секои две години почнувајќи од 2003 година и претставува едно од најголемите истражувања во наведената област на светско ниво.
За неговата реализација на територијата на Република Македонија е задолжен Универзитет Американ Колеџ Скопје. Првото учество на студенти од Република Македонија се бележи во истражувањето од 2015/16 година, во кое 50 земји беа претставувани од повеќе од 1.000 универзитети, при што на барањата на истражувањето одговориле 122.000 студенти.
Во истражувањето во Република Македонија беа вклучени 3 универзитети со вкупно 124 испитаници.

Тековното истражување ќе се одвива во периодот од 1-23 декември 2018 година.

Се известуваат студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, да ја пополнат анкетата која се реализира исклучително по електронски пат, на директниот линк до прашалникот  https://tinyurl.com/guesss-mac, кој е достапен на македонски, албански и англиски јазик.