Предавање - „Пребришани умови, испрани мозоци“
pdf Предавање под наслов „Пребришани умови, испрани мозоци" 158.19 Kb


На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов:

    „Пребришани умови, испрани мозоци"  
Манипулација, индоктринација,  лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во невро-технолошката, пост-фактичка ера
   

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница. 

Од Ректоратот

pdf Предавање под наслов „Пребришани умови, испрани мозоци" 158.19 Kb