Центар за кариера

Центар за кариера на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје,

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Контакт: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Стратегија на Центарот за кариера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (2024 – 2028)

logoukim.jpg

  pdf Стратегија на Центарот за кариера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (2024 – 2028)

 
  centarzakariera.jpg

ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА

Центарот за кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна започна со работа во 2014 година, врз основа на член 63 од Законот за високо образование  (Сл весник на РМ бр.35/2008, бр.26/2009, бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013 и бр.24./2013год.), член 183 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (Сл. весник на РМ бр.104/2013 год.), член 38 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЗНХ во состав на УКИМ и Одлуката бр.02-555/5 на ННС на ФЗНХ донесена на 11-та седница одржана на 26.03.2014 година.

За прв советникот за кариера на Факултетот е избран д-р Ромина Кабранова, доцент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Центарот за кариера претставува главна алка помеѓу студентите кои студираат на факултетот и стопанството и државните институции од областа на земјоделството и храната во Република Македонија. Главни цели на Центарот за кариера на ФЗНХ се: воспоставување на постојани врски меѓу факултетот и студентите со стопанството; обезбедување информации за студентите за извршување на практична настава, и организирање на истата во компании кои користат современи техники и технологии во областа на земјоделството и производството на храна; обезбедување пристап на студентите од академската средина до потенцијалните работодавачи; одржување на соработката, како и зајакнување на нивните активности со центарот и факултетот; промоција на  факултетот пред идните студенти, преку медиуми и други настани, со цел олеснување на пристапот и упис на новите студенти на факултетот на сите циклуси на студирање; организирање на работилници и семинари за студентите, со цел нивна лична надградба; стручни посети на саеми, учества на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на генерации итн.

Професионалната пракса претставува инвестиција за во иднина. Со нејзина реализација се обезбедува соодветен избор на одредена специјалност од пошироката област на студирање. Добар начин, се разбира, претставува и волонтирањето или учество во работата на студентските организации, истражувачка работа со ментор, работа на проекти, практиканти или со скратено работно време и сезонски работи. Затоа, реализирањето на праксата во текот на студирањето на студентите им овозможува стекнување и имплементација на знаење; интелектуална писменост, интерперсонални и комуникациски вештини; развивање на истражувачки вештини, вклучувајќи ја и способноста да се дефинира проблемот и за можните начини за негово решавање, собирање на информации и нивна евалуација; критичко размислување и решавање на проблеми; директно запознавање со работодавецот, условите за работа во одредена компанија и самоспознавање на своите способности за воспоставување професионални меѓучовечки односи, иницијатива и претприемништво,  за тимска работа, службена комуникација, лидерство и донесување одлуки, и најважниот момент, развивање на способноста и желбата за постојано учење.

Центарот за кариера редовно соработува со преку 200 компании од областа на земјоделството и храната, каде главно преку ангажирање на студентите во различни периоди од годината, а во согласност со потребите и побарувачката на компанијата, се реализира задолжителна 30 дневна пракса. На овој начин, покрај можноста студентите да се здобијат со практично искуство неопходно за нивната идна кариера, истите имаат директен контакт со потенцијалните работодавачи. Центарот за кариера претставува место каде студентите можат да добијат конкретни совети како да стекнат поголема самодоверба при аплицирање за работа. Користејќи ги услугите што ги обезбедува Центарот за кариера, студентите стекнуваат работни навики, студентите се мотивирани и со учество во секојдневните активности кои ги организира Центарот за кариера.  Преку практичниот ангажман, студентите ја збогатуваат и својата професионална биографија, што дефинитивно остава силен впечаток кај потенцијалниот работодавач (теоретското знаење кое е стекнато за време на студирањето треба да претставува основа за понатамошно градење на експерт во областа , за што е неопходно практично искуство во работењето). На овој начин, Центарот за кариера на ФЗНХ се грижи за сите свои студенти за започнување успешна кариера. centarzakariera2web.jpg
Исто така, Центарот за кариера во идниот период планира да започне со изготвување на база на податоци за студентите кои дипломирале и ќе дипломираат на факултетот во иднина (алумни), се со цел во континуитет да одржува блиска соработка со истите. Денес, можеме да бидеме горди на нашите студенти кои успешно се интегрирани и работат во македонски, но и странски компании. Создавањето на мрежа од професионални контакти претставува богатство кое секој еден би сакал да го поседува. Овие контакти претставуваат извор на понатамошна деловна комуникација, можност за соработка и консултации и на препораки во текот на животот. Во текот на студирањето исклучително е важно да се воспостави успешна комуникација, со единствена цел, размена на информации и знаење кои се неопходни за напредување. Користењето на интернет информациите и користењето на можноста за институционално вмрежување со други релевантни институции, секако дека дава поголема можност за комуникација, но и учество на научни и стручни собири. За реализација на ваквите активности, Центарот за кариера континуирано ги следи сите важни настани во земјата и странство. Ова нé прави, да бидеме важен дел од мрежата на кариерни центри на УКИМ, заради нашата активност на полето за развој на кариера и обезбедување на информации за потребите на пазарот на трудот, и вработување во конкретни компании (подеднакво од приватниот и државниот сектор).

Центарот за кариера работи на волонтерска база и успешно спроведува значајни активности, како обуки,  работилници,  фестивали (Градиме здрава, зелена и безбедна иднина 2015 - програмска платформа на Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје), при што покрај нашите студенти, активно се вклучени учесници од најмала возраст (деца од градинките), како и средношколската младина на ниво на држава, како наши потенцијални идни студенти.
 centarzakariera3.jpg    centarzakariera4web.jpg
 

Признание доделено од страна на Министерство за економија на Република Македонија за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2016 година

  Така, тимската работа на факултетот донесе и резултати: Признание од страна на Министерството за економија на Република Македонија  и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија во рамките на проектот "CRS for all"  ("Општествена одговорност на сите"), ко-финансиран од ЕУ. Во конкурнција на 38 проекти на компании во Македонија, на Факултетот за земјоделски науки и храна-Кариерен центар, му беше доделено признание во категоријата: Заштита на животната средина кај мали и средни претпријатија - признание за успешно спроведна општествено одговорна практика во 2016 година, за проектот "Skopje Organic Life - да ги победиме лошите животни навики - ГРАДИМЕ ЗДРАВА, ЗЕЛЕНА И БЕЗБЕДНА ИДНИНА".   


Центарот за кариера своите активности и информации ги објавува на веб страната на факултетот http://www.fznh.ukim.edu.mk , а контакт со советникот за кариера може да се оствари преку електронската пошта  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .        


 

Во периодот април- јуни 2025 година Факултетoт за земјоделски науки и храна Скопје при УКИМ во Скопје организираше практична настава во соработка со АД АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, Кавадарци- Акционерско друштво за производство, откуп, ферментација и промет на тутун што ја посетуваа група студенти на студиските програми поледелство и заштита на растенијата–фитомедицина, по предметот ,,Производство на тутун”.

Студентите работеа под менторство на проф. д-р Ромина Кабранова и колешката Билјана Филџанова Алтанова и имаа можност да се стекнат со нови искуства, применат практични вештини и ги поврзат со теоретски стекнатите знаења за производството на тутун и предизвиците со кои што се соочуваат производителите.

Студентите работеа на различни локации и посетија тутунопроизводители од Велешкиот реон и од реонот на Свети Николе, како и капацитетот за обработка на тутун во Кавадарци.

Искрена благодарност до Алајанс Уан Кавадарци за довербата, укажаната можност за соработка и значајната поддршка на практичната настава и развојот на студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје како неизоставен дел од образовниот процес.
1.jpg



picture1.png
picture2.png

На 19 јуни, 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје во состав на УКИМ се одржа работна средба со Дејана Лазиќ - координатор на Центарот за развој на кариера и советување на студенти на Универзитетот во Белград, Србија со Управата на Факултетот.  Потоа од страна на Центарот за кариера на ФЗНХ во состав на Центарот за кариера на УКИМ беше организиран и состанок со претставници од Центрите за кариера од единиците на Кампусот за земјоделски и ветеринарни науки на кој се разменија искуства од работењето на центрите, практичните искуства од страна на Центарот за кариера на Универзитетот во Белград и се дискутираше за можностите за соработка и интензивирање на истата во периодот кој претстои. Благодарност до сите студенти и професори за покажаниот интерес.

Picture of Meeting 1Picture of meetingsPicture of Meeting 3




Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025 објавува повик за доделување на стипендии за академската 2025/2026 година!

🎓 Стипендиите се наменети за редовни студенти запишани на прв циклус студии на УКИМ.
💵 Вредност на стипендијата: 2.500 УСД годишно!
 📅 Краен рок за аплицирање: до 30 август 2025
 🖥 Аплицирај тука: 👉 https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/21

✅ Кој може да аплицира?
 • Ученици што се запишуваат како редовни студенти во прва година при УКИМ
 • Средношколци со просек од најмалку 4.0
 • Кандидати чие семејство има вкупен бруто приход под 800.500 денари во 2024 година
 • Кандидати кои не добиваат друга стипендија над 6000 денари
 • Државјани на Р.С. Македонија

🔍 Сите информации, упатства и листа на документи може да ги најдете на следниот линк
 

Аплицирај и направи го првиот чекор кон извонредна иднина!

#macedonia2025 #mk2025education #mk2025leadershipdevelopment #mk2025scholarships

bliznakof.jpg

 




slika.jpg

Информација за настан:
,,ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ОД КРУЖНАТА ЕКОНОМИЈА ВО ПРЕХРАМБЕНИТЕ ОБЛАСТИ’’
организиран од страна на Центарот за кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје во состав на Центарот за кариера на УКИМ.
Работилницата ќе се одржи на ден 15. 5.2025 година (четврток), во амф.14 на ФЗНХ со почеток од 12.30 часот.

Ве очекуваме,
Центар за кариера на ФЗНХ

meri.jpg

pdf  Работилница 15.05.2025 (четврток), АМФ14 во 12:30 часот: ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ОД КРУЖНАТА ЕКОНОМИЈА ВО ПРЕХРАМБЕНИТЕ ОБЛАСТИ


 

pdf Центар за кариера ФЗНХ - Покана за настан - 28.4.2025

pdf Работилница - ПСИХОЛОШКА РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ДОБРО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ - 28.4.2025

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти,

Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) организира иницијатива за уредување на дворот на факултетот со декоративни аранжмани од цвеќе. Доколку имате стари велосипеди од помалите модели кои повеќе не ги користите, ве покануваме да ги донирате за оваа креативна намена.

Воедно, ги покануваме сите заинтересирани студенти кои сакаат да станат дел од Центарот за кариера на ФЗНХ да се пријават на e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .

Ви благодариме за вашата поддршка и учество!

Центар за кариера
ФЗНХ - УКИМ




logo.jpg






Почитувани студенти,

Ви го најавуваме настанот  на тема: „ПСИХОЛОШКА РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ДОБРО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ" кој ќе се одржи на 28 април, 2025  година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, во просторија 25 на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, организиран од страна на Центарот за кариера на ФЗНХ во состав  на Центарот за кариера на УКИМ во Скопје.
На оваа работилница ќе имате можност да добиете повеќе информации и да поставите прашања за тоа како да станете и да останете психолошки отпорни, во разговор со проф. д-р Ана Фрицханд од Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје. 

Ве очекуваме, ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА НА ФЗНХ     

НАСТАНОТ Е НАМЕНЕТ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТИТЕ НА БИОТЕХНИЧКИОТ КАМПУС:
  • ФАКУЛТЕТ ЗА ШУМАРСКИ НАУКИ, ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА И ЕКОИНЖЕНЕРИНГ ,,ХАНС ЕМ
  • ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА
  • ФАКУЛТЕТ ЗА ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИИ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР
  • ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА 

РАБОТИЛНИЦАТА Е ОРГАНИЗИРАНА ВО СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА НА УКИМ И ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

logo_ck.jpg






slika1.jpg

slika2.jpg
Проф. д-р Ана Фрицханд е доктор по психолошки науки.

Работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје во состав на УКИМ.Добитник на престижната стипендија Junior Faculty Development Program наменета за млади истражувачи и универзитетски наставен кадар на Универзитетот во Минесота - Твин Ситис, САД.
Во текот на нејзиниот професионален ангажман била ангажирана како главен истражувач, надворешен експерт и аналитичар на повеќе национални и регионални проекти.  Актуелен член на УО на Комората на психолози на РСМ.
Истражувачки интереси: развојна психологија, применета развојна психологија, психологија на морал, психологија на мирот и конфликтите.


- Во рамки на активностите по повод 77 години постоење на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, на 13 декември, 2024 година, во просторот на факултетот се одржа Саем на кариера каде студентите се сретнаа со дел од компаниите, и директно се запознаа со потенцијалните работодавачи каде имаат можност да ја започнат својата професионална кариера.

13122024_1.jpg


- Во периодот 10-12 декември, 2024 година раководителот на Центарот за кариера на ФЗНХ во рамки на Центарот за кариера на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј " во Скопје проф. д-р Ромина Кабранова реализираше работна средба со Дејана Лазиќ - директор на Центарот за развој на кариера на Универзитетот во Белград  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

На средбата се дискутираше за потребата од јакнење на соработката помеѓу универзитетските Центри за кариера и можноста за регионално сплотување на земјоделските факултети со цел овозможување размена на искуства и обезбедување ефективен систем за поддршка на студентите и дипломираните студенти во развојот на знаењата и вештините кои ќе им бидат важни при нивното студирање, вработување или понатамошно образование. Исто така беше одржан состанок во Центарот за кариерен развој на студентите на Земјоделскиот факултет во Земун, при што со Вања Ковачевиќ- соработник за маѓународна соработка и односи со јавност беа разменети искуства се разговараше за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат факултетските центри за кариера и студентите на Универзитетот во Белград, Србија.

10_12_12_2024_1.jpg
10_12_12_2024_4.jpg
10_12_12_2024_2.jpg
10_12_12_2024_3.jpg




- На 5 декември, 2024 година Фалултетот за земјоделски науки и храна беше домаќин на матуранти од средните училишта во државата кои во рамки на традиционалниот настан ,,Отворен ден на УКИМ" имаа можност да се запознаат со условите за студирање. Тимот професори и студенти - волонтери на Центарот за кариера на ФЗНХ ги презентираа акредитираните студиските програми и ги запознаа учениците со дел од лабораториите.
На учениците им се обрати и претседателот на Факултетското студентско собрание кој сподели искуства за студирањето на ФЗНХ.
05122024_1.jpg05122024_2.jpg05122024_3.jpg0505122024_4.jpg05122024_5.jpg05122024_6.jpg























































23122024.jpg


Ве покануваме на предновогодишно дружење на 25 декември, 2024 година (среда)  11-15 часот, во холот на Факултетот на земјоделски науки и храна- Скопје.

Ќе имате можност да ја проследите изложбата на новогодишни украси изработени од нашите студенти, да пробате домашни колачи, варено вино, топол чај ☕️ и кафе ☕️  и да учествувате во наградна игра.

      🎯 Настанот го организира Центарот за кариера на ФЗНХ како дел од Центарот за кариера на УКИМ во Скопје.




Студенти пријавете се и бидете дел од оваа работилница која обезбедува сеопфатна програма дизајнирана да Ве поттикне во потрагата за ваша успешна кариера 🎯

Application Training Workshop-Ss. Cyril and Methodius University in Skopje 21 December 2024

Welcome to our Application Training Workshop, a comprehensive program designed to empower individuals in their quest for career success. In today's competitive job market, the ability to create compelling CVs, motivation letters, and perform well in interviews is paramount. 
Our workshop goes beyond theory, providing practical, hands-on guidance to help you excel in every step of the application process. REGISTER here  and find more information below. Your Team of the North Macedonia Transition support program, Dimitar Kaljoshevski ( Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe9ChtgE-IqPfZsCksvVUNliPd_gibQ3S7JcnDVa9fLYp6org/viewform?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaa35P0FQPze-tgu6naByDnyQilwm2SstpDnwNXO77UbX2FE5Z90k6UboVE_aem_nGMut8GMxLbxncCsd7WlZA


Повик за волонтери
pdf Центар за кариера - повик за волонтери 2024


povik_za_vonlonteri.jpg

Настани:

свечен настан кој ќе се одржи на 25 март, 2024 година


 



 

Студенти пријавете се и бидете дел од оваа работилница која обезбедува сеопфатна програма дизајнирана да Ве поттикне во потрагата за ваша успешна кариера 🎯

Application Training Workshop-Ss. Cyril and Methodius University in Skopje 21 December 2024

Welcome to our Application Training Workshop, a comprehensive program designed to empower individuals in their quest for career success. In today's competitive job market, the ability to create compelling CVs, motivation letters, and perform well in interviews is paramount. 
Our workshop goes beyond theory, providing practical, hands-on guidance to help you excel in every step of the application process. REGISTER here  and find more information below. Your Team of the North Macedonia Transition support program, Dimitar Kaljoshevski ( Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe9ChtgE-IqPfZsCksvVUNliPd_gibQ3S7JcnDVa9fLYp6org/viewform?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaa35P0FQPze-tgu6naByDnyQilwm2SstpDnwNXO77UbX2FE5Z90k6UboVE_aem_nGMut8GMxLbxncCsd7WlZA


1.jpg
2.jpg
ПРВ ЛЕТЕН КАМП
за унапредување на вештините на студентите за КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

Бидете дел од групни сесии за групно советување кои ќе бидат од големо значење за да ја пронајдете вашата насока за понатамошен развој на кариерата и кои се можностите за истата.
Бидете дел од работилници и панел дискусии со професионалци од областа.
Креирајте нови пријателства и професионални врски со колеги, алумни и работодавачи
... мноштво групни игри, забава, прошетки и  активности на плажа.

Цената за учество на летниот камп за кариерен развој (Сместување за 2 вечери полн пансион (појадок, ручек и вечера) + Превоз + Котизација за школата) = 1800 денари.

Пријавување:
20 мај - 10 јуни, 2024

Линк за пријавување во описот во био и на стори објавите кај нас @ussukim и @youthactivelycreateopps

Кампот го организира Универзитетско студентско собрание-УКИМ и Центарот за кариера при УКИМ, со поддршка на Активноста на @USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности - @Youth Actively Create Opportunities, имплементирана од @IESC во партнерство со @Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF и @CEED Hub Skopje