ГРАДИНАРСТВО И ЦВЕЌАРСТВО
КАТЕДРА ЗА ГРАДИНАРСТВО И ЦВЕЌАРСТВО
 
НАУЧНА ДЕЈНОСТ

gradinarstvo.gif
  • Нови технологии во градинарското производство во заштитени простори;
  • Конзервирање (сушење) на зеленчук во мини сушилници на соларна енергија;
  • Алтернативи за замена на метил бромидот во производството на расад од зеленчук и тутун;
  • Алтернативи за производство на здрав и квалитетен расад од градинарски и цвеќарски култури;
  • Создавање нови генотипови (сорти) од градинарски култури;
  • Проучување и утврдување на најотпорните сорти градинарски култури за одгледување во заштитени простори.


Меѓународна соработка

Катедрата остварува активна регионална соработка со:gradinarstvo1.gif
  • Земјите учеснички во проектот SEEDNET;
  • Пољопривредни факултет, Нови Сад, Р. Србија;
  • Институт за зеленчукови култури, Пловдив, Р. Бугарија;
  • Институт за повртарство, Смедеревска Паланка, Р. Србија;
  • Институт за ратарство и повртарство, Нови Сад, Р. Србија
АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ
 
  • Анализа на резултати од сортни испитувања на градинарски култури за регистрирање во национална сортна листа на Македонија;gradinarstvo2.gif
  • Стручна контрола (апробација) на семенски посеви од градинарски култури;
  • Воздржана селекција (одржување) на сортата пиперка куртовска капија;
  • Консултативна активност во производството на зеленчук и цвеќе во заштитени простори.
Патенти и други резултати

Создадени сорти од градинарски култури:
  • Кромид: скопски сребрењак, југо, сидра, бучински 85, тина, ротунд жолт С-58
  • Пашканат: гогобел
  • Праз: фаворит