ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА
КАТЕДРА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА 
 
Научна дејност

Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје располага со лабораторија, вежбална по механизација опремена соzem.tehnika1.gif нагледни средства (пресеци на мотори, механизација, земјоделски машини, како и шеми) со кои е во многу олеснато совладувањето на наставниот план и програм, по одделните предмети при Катедрата за земјоделска техника, како и најсовремена опрема за испитување на експлоатационите карактеристики на одделни погонски и приклучни машини кои се користат за одделни работни процеси во различни земјоделски гранки:

  • Шест каналски електротензиометар, инструмент кој служи за истовремено мерење различни параметри и тоа: хоризонтални и вертикални сили кои влијаат на приклучните машини; сонди за мерење на потрошувачката на гориво; работната температура, работната моментална брзина итн.);
  • Пенетрометар, инструмент за определување на состојбата на почвата (ораничниот слој);
  • Влагомер, инструмент за определување на количеството на влага на почвата со цел квалитетно извршување на одделните работни процеси;
  • Фонометар, инструмент за мерење на бучавата на погонските и приклучните машини при работа;
  • Сонди, инструменти за мерење на количество јаглерод моноксид и јаглерод диоксид од издувните гасови на погонските машини;
  • Манометри и друга опрема.
НАПОМЕНА: Целокупната опрема со која располага Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна е една од најсовремената која овозможува и извршување на хомологација и атестирање на приклучни и погонски земјоделски машини.
 

Меѓународна соработка
  • Меѓународните организации (UNDP, S-FARM; Land O’ Lakes;GTZ; Norges Vel; BIOSAN), како и со Институтот за органско производство во Бари, Италија;
  • Универзитетот во Триездорф, Германија, каде што во соработка со GTZ беше реализирана обука на дваесеттина студенти од насоката земјоделска техника со најсовремените погонски и приклучни машини што се користат во земјоделското производство;
  • Медитеранскиот институт во Ханиа, Крит, Грција; 
  • Универзитети и факултети од земјите во регионот.



Апликативна дејност

  • Испитување на експлоатациските карактериски на различни погонски и приклучни машини. Атестирање иzem.tehnika2.gif хомологација на земјоделската техника;
  • Приспособување на земјоделските машини спрема одредени услови на работа со цел за поекономични и поквалитетни работни процеси; 
  • Советодавни активности во поглед на решавање на актуелните проблеми од аграрот, користењето и експлоатацијата на земјоделската опрема и механизација, со цел за поквалитетно извршување на работните процеси, со земјоделските производители (фармери), како и со здруженијата на земјоделските производители, Федерацијата на македонските фармери, останати сојузи и институции.
Патенти и други резултати

Членовите на Катедрата, моментално работат на конструкција на прототипна машина која би се користела за повеќе работни процеси во земјоделското производство и тоа заштита на растенијата со течност, и нанесување прашкести заштитни средства (запрашување); како и полумашинско режење на лозов и овошен насад. Првичните резултати од прототипната машина беа презентирани на Симпозиумот за заштита на растенијата, ноември 2006 година, и потоа е започната постапка за нејзино патентирање.

Катедрата за земјоделска техника е добитник на следниве награди и признанија:
  1. Награда: „Борис Кидрич”, бронзена плакета за посебни заслуги за ширење на техничката култура во поранешна СФРЈ, 1986 година;
  2. Дипломи и признанија за посебни заслуги во учеството при организирање различни натпревари со Народна техника на поранешна СФРЈ и Народна техника на Р. Македонија;
  3. Признание: МАКИНОВА од Народна техника и Сојузот на пронаоѓачите и авторите за техничко унапредување на Р. Македонија, 2000 година;
  4. Признание Од Град Скопје за иновации од посебен интерес на градот Скопје, за мерна опрема за испитување на земјоделската техника, 2000 година;
  5. Признание од Стопанска комора на Р. Македонија за постигнати особени резултати од полето на иновациите и техничките унапредувања, 13.2.2001 година.

Членови на Катедрата:

 

Img0200.jpg

Проф.д-р Живко Давчев,

Редовен професор

 

Датум на раѓање:  17.01.1956 година

Наставна дејност:

- Механизација на лозаро-овоштарско производство,

- Автоматизација,

- Експлоатација на земјоделската техника,

- Земјоделска механизација

 

 

Img0140.jpg

Проф. 
д- р  Драги Таневски

 Редовен професор

Датум на раѓање:  18.07.1955

Наставна дејност:

- Мотори и Трактори

- Механизација во поледелството

- Механизација на сточарското производство

- Механизација и опрема во градинарството и цвеќарството

- Земјоделска техника

- Земјоделски машини со експлоатација

Магистерски труд: “Влијание на системот на одгледување на вински и десертни сорти винова лоза врз работата на турбоатомизерите и мерки за подобрување квалитетот на прскањето”

Докторска дисертација: “Проучување на потрошувачката на енергија и работните ефекти на машините во лозарското производство”

Научно поле на интерес:Земјоделска техника, Процесна техника, Експлоатација, Автоматизација.

Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

Магистерски труд: Резултати од работата на ФМС линијата за механизирано производство на индустриски домати. Скопје, 1983.

Докторска дисертација: Проучување на работните ефекти и потрошувачката на енергија на линијата машини за прибирање, транспорт и подготовка на кабаста храна за говеда. Скопје, 1991.

Научно поле на интерес: Мотори и трактори, Земјоделска техника.

Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

 

 

 

m0848.jpg

Проф. д-р Иле Цанев,

вонреден професор
       

 

Датум на раѓање:  18.02.1978 година

Наставна дејност:

-Механизација на лозаро-овоштарско производство,

-Основи на земјоделска техника,

-Механизација на земјоделско производство

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 


 

Магистерски труд:  Испитување на нова линија на машини за обработка на почвата во лозови и овошни насади. Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, 2004 г.

Научно поле на интерес: Земјоделска техника, Експлоатација на зем. техника, Процесна техника, Автоматизација.

Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете