Неформално образование
НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Факултетот нуди различни форми на обуки, курсеви, семинари и работилници од соодветни об-
ласти, во сопствена организација или во сорабока со други институции. Ова образование нуди
можност учесниците да го надградат своето знаење/вештини за новите технологии и да се ин-
формираат за новите трендови во земјоделството, храната и животната средина.
После завршувањето на обуката, Факултетот издава соодветен сертификат во кој се наведуваат
видот и формата на образованието и обемот на стекнатото знаење.

pdf Решение за верификација на установата за образование на возрасните Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ Скопје, за реализација на посебната програма Овоштар 2.48 Mb

ЦИПОЗ - ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА И ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО


ЦИПОЗ е формиран во 2002 година со цел да ја олесни работата на Факултетот и на наставниот кадар во следниве области:
  • Издавање книги и прирачници;
  • Организирање курсеви и обуки;
  • Апликативна дејност;
  • Соработка со земјоделски производители и прехранбена индустрија;
  • Реализација на меѓународни проекти;
  • Регистрација на иновации и патенти;
  • Трансфер на технологии.