Визија и цел
НИЕ СМЕnie sme.gif

Факултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во својата долгогодишна традиција, Факултетот оствари плодна наставна, научно-истражувачка и апликативна работа, како и активна соработка со домашни и странски сродни институции. Во однос на капацитетите со кадар и опрема, Факултетот е врвна институција од областа на земјоделството и храната.

НАШ ИМПЕРАТИВ

Потребите за храна и земјоделски култури за индустриски преработки, и во поново време за биогориво, секојдневно се зголемуваат. Стандардите за нивно производство строго се воведуваат и се регулираат. Денес, земјоделството се базира на современа технологија со примена на нови методи и техники. Истовремено, глобален приоритет е одржливото искористување на природните ресурси и заштитата на животната средина. Согласно овие процеси, императив на Факултетот е да оформува академски профил, кој со голема стручност ќе биде оспособен да одговори на барањата во современото земјоделско производство.

nas imperativ.gif
НАШИ ЦЕЛИ

  •  Понуда на студии за оформување академски профил, со знаења и вештини кои се неопходни за профитабилно производство и управување со природните ресурси.
  •  Обезбедување научен кадар за успешно вклучување во научно-истражувачката работа од областа на земјоделството, храната и на животната средина.

  •  Понуда на стручен кадар, технички обучени за донесување брзи и правилни технолошки решенија за производство на храна и суровини, организирање и управување со производството.

  •  Имплементација на болоњските принципи во наставата и оформување модел на европското образование.

  •  Осовременување на објектите, лабораториите, опремата и кадарот за настава и научно-истражувачка дејност, како основа за квалитетно образование и стручност.

  •  Трансфер на технологии преку интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачки капацитети и сродни институции.

НАША ВИЗИЈАnasa vizija.gif

  •  Интеграција во европското образование;
  •  Соработка со други образовни и научни институции;
  •  Мобилност на студентите и наставниот кадар;
  •  Едукација и специфична обука на кадар вработен во директното земјоделско производство, прехранбената индустрија, агенциите за развој на земјоделството, невладини организации и владини институции кои ја креираат политиката во земјоделството.

Организациска поставеност на Факултетот за земјоделски науки и храна