Постоењето на лабораторијата датира од вселувањето на Факултетот во сегашната зграда (1966/67 година). Лоцирана е на вториот кат од Факултетот за земјоделски науки и храна во една просторија со површина од 36 м2.
Поважна опрема
- Термостати;
- Печка за жарење;
- Влагомер Кетт Т-22;
- Варбург апарат.
Анализи
- Определување на квалитетните својства на тутунско семе (влага, чистота, апсолутна маса, хектолитарска маса, енергија на ’ртење и вкупна ’ртливост);
- Физички карактеристики на тутунската суровина (водозадржлива способност, содржина на главно ребро, фракциски состав, утврдување на типот и класата на тутун, содржина на примеси од органско, неорганско, природно и вештачко потекло);
- Определување на органолептичките својства (визуелни и дегустативни карактеристики) на тутунската суровина и тутунските преработки;
- Мувлосаност на тутунот;
- Ферментираност на тутунот;
- Ферментативно кало.
Дејност
Дејноста на лабораторијата за тутун се реализира преку:
- Научни и апликативни проекти од областа на агротехниката, селекцијата, обработката и фабрикацијата на тутунот;
- Анализи за тутунската индустрија и државни органи.
Контакт
Проф. д-р Симеон Карајанков (тел. +389 2 3115277 лок. 185)
Доц. д-р Златко Арсов (
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
;
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
)
|