Лабораторија за агрохемија со исхрана на растенијата
Лабораторијата за агрохемија со исхрана на растенијата постои од 1947 година, односно од основањето на Земјоделскиот факултет. Лоцирана е на првиот кат од Факултетот, а опфаќа една просторија со површина од 36м2 .

Поважна опрема

  • Муфелна печка;
  • Кјелдал апарат;
  • Пламенфотометар;
  • Сушници;
  • Апарат за дестилација на вода;
  • Аналитичка вага.
Анализи

Агрохемиски анализи на почва
  • Содржина на достапни макро и микробиогени елементи за растенијата;
  • Содржина на достапни за растенијата облици на тешки токсични метали.
Фолијарни (лисни) анализи
  • Содржина на макро и микробиогени;
  • Содржина на тешки токсични метали.
Квалитет на овошје, грозје и зеленчук
  • Определување на вода и суви материи;
  • Определување на минерални и органски материи;
  • Содржина на макро и микроелементи;
  • Анализа на тешки токсични метали.
Анализа на минерални ѓубрива
  • Определување на хемиски својства;
  • Анализа на физички својства.
Анализа на органски ѓубрива

Дејност

Дејноста на оваа лабораторија се реализира преку:
  • Научни проекти од областа на исхраната на растенијата;
  • Анализи за приватниот и општествениот земјоделски сектор;
  • Анализи за организациите кои се занимаваат со увоз на минерални ѓубрива.

Контакт

Проф. д-р Видоја Трпески (тел: +389 23115277 лок.151)
Проф. д-р Марина Стојанова ( Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете к)