Лабораторија за испитување на почви
Лабораторијата за испитување на почви постои од 1947 година, односно од основањето на Факултетот. Лоцирана е на првиот кат од Факултетот, а опфаќа просторија со површина од околу 60 м2.

Поважна опрема

  • Муфелна печка;
  • Кјелдал апарат;
  • Пламенфотометар;
  • Сушници;
  • Апарат за дестилација на вода;
  • Аналитичка вага;
  • Спектрофотометар;
  • Центрифуга.



Анализи

  • Физички својства на почвите (хигроскопна влага на почвата, механички состав на почвата, права густина на почвата, привидна густина на почвата, инфилтрација, порозност на почвата, пластичност и индекс на пластичност на почвата, лепливост на почвата).
  • Хемиски својства на почвите (pH на почвен раствор, содржина на карбонати, активно количество калциум карбонат, хумус во почвата, однос на C/N, хидролитичка киселост, сума на атсорбирани бази во безкарбонатни почви, пресметување потребно количество CaCO3 за калцизација, пресметување потребно количество гипс за гипсирање на алкалните почви, лесно достапни форми на фосфор и калиум, вкупно азот во почвата, микро-елементи, определување на вкупните и растворливите форми на тешки метали во почвата, анализа на органски ѓубрива).

Дејност

Дејноста на оваа лабораторија се реализира преку:
  • Научни проекти од областа на педологијата;
  • Анализи за приватниот и општествениот земјоделски сектор.

Контакт

Проф. д-р Јосиф Митрикески (2 3115 277/ 152 Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )
Проф. д-р Татјана Миткова (23115 277 /156 Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )
Пом. аистент Миле Маркоски (2 3 155 277 /119 Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )