Лабораторија за определување на хемиско-физички својс
Лабораторијата за анализа на хемиско-физички својства на пестицидни формулации е основана во 1992 година во согласност со овластувањето на Земјоделскиот факултет (предмет хемија) од МЗШВ со решение бр. 10-1787/2 од 14.04.1992 г.

Анализите се изведуваат во рамките на три одвоени лаборатории, од кои две се лоцирани на приземјето, а третата на првиот кат од Факултетот, со вкупна површина на сите лаборатории од околу 130 м2.

Поважна опрема

  • HPLC (течен хроматограф, Perkin Elmer), со Binary Pump (модел LC 250, Perkin Elmer), UV Diode Array Detector (model LC 235, Perkin Elmer), термостатирана печка Columnthermostat Spark Holland “Mistral” (тип 880);
  • Спектрофотометар (МА 9524, Искра Мерилна електроника, Хорјул);
  • Инструмент за определување површински напон;
  • Инструмент за определување на температурата на палење на течните формулации (Pensky-Martens-semi-atomic);
  • Ротавапор со бања за загревање (R-205, Büchi), вакуум-контролер (V-800, Büchi), вакуум- пумпа (V-500, Büchi);
  • Апаратура за определување на содржината на влага во пестицидните фор¬му¬лации според методот на Karl-Fischer;
  • Центрифуга со 4000 вртежи/мин (LC-321Tehtnica Zelezniki);
  • Микроцентрифуга со 16000 вртежи/мин (MX 100, [RPM] Centric 150, Tehtnica Zelezniki);
  • Муфолна печка до 1100 oC (LU-07, Instrumentaria, Загреб).
Анализи

  • Физичко-хемијски анализи на пестицидни формулации;
  • Остатоци од пестициди во вода;
  • Проучување на квантитативниот состав на аминокиселини, шеќери, витамини, масни киселини и други значајни компоненти во матрици од растително и животинско потекло, разработка на ХПЛЦ методи за квантитативно определување на активни компоненти во пестицидни формулации.

Дејност

Дејноста на овие лаборатории се реализира преку:
  • Научни проекти од областа на хемија на пестициди;
  • Анализи за компаниите кои се занимаваат со трговија, производство и промет на пестицидните формулации за широка примена во земјоделството, шумарството, ветеринарната практика, комуналната хигиена и домаќинството.

Контакт

Проф. д-р Биљана Петановска-Илиевска
тел: +389 2 3115277 лок. 150
e-mail:  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете