Така наречениот “кредит систем”,овозможува опис на обврските (оптовареноста) на студентот или на обемот на обврските за завршување на студиите; вреднување и споредба на достигнувањата од учењето и нивно префрлување од една во друга високообразовна установа, во која кредитот го одразува квантитетот на работата што ја бара курсот за да се заврши комплетна академска година на студиите, предавања, практична работа, семинари, вежби, индивидуална работа, испитување и друго. Со овие измени се очекува да се обезбеди потребен број на нови стручни профили на кадри кои се потребни за нивно работно ангажирање во сегашното и идното семејно фармерско производство како и за сегашните и идните мали и средни прехранбено-преработувачки капацитети во Републиката како и за научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки на Факултетот, специјализираните институции и развојни научно-истражувачки единици во повеќе организации од областа на агрокомплексот во Републиката.
|