Соработки - European Rural Innovation Contest (EURIC) |
Факултетот за
земјоделски науки и храна – Скопје оддржува соработка со многу катедри, институти и други
институции од земјата и странство. Како дел од соработката, Факултетот ги
поддржува колегите од Бугарската Академија на Науките (БАН), од Институтот за
проучување на општеството и знаењето, во дисеминација на информација за нивниот
тековен EU Horizon 2020 проект LIAISON (liaison2020.eu) во рамките на
којшто се спроведува European Rural
Innovation Contest (EURIC). На
конкурсот може и се очекува да учествуваат и македонски претставници.
Повеќе
информации за проектот и посочениот натпревар може да најдете во приложениот
документ, којшто содржи и линк до формуларот за апликација. |