Прекуграничен Биосферен резерват Осогово
„Физибилити студија за Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, координатори на проектот: проф.д-р Владимир Џабирски 12.05.2014-07.10.2014 и Горан Трајковски од 07.10.2014-12.11.2015




proekt_gt.png




Изработка на Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват „Осогово“

Регионалната канцеларија во Струмица на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започна со работа по проектот „Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Водечки партнер во проектот е Бугарската фондација за биоразнообразие од Софија со регионална канцеларија во Благоевград. 

Проектот чини 145 000 евра, од кои 85% европско финансирање и останатите 15% национално. Проектот започна на 12 мај 2014, а ќе трае до 12 ноември 2015 година.


Цел на проектот

Преку проектот ќе се собираат и структурираат податоци кои ќе ја определат можноста на осоговскиот регион да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, согласно програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ (Мan and Biosphere). Задачата на биосферниот резерват не е само зачувување на природните вредности, туку и постигнување на одржливост помеѓу заштитата на природата, економскиот развој и зачувување на културните вредности.

Проектот е сврзан и со иницијативата „Зелен појас“ на Европската Комисија, која се стреми да развие мрежа од прекугранични заштитени територии долж некогашната Железна завеса, а со цел зачувување на биодиверзитетот и одржливиот развој на локалните заедници.

Подалечна цел на проектот е Осогово да стане модел на трансгранична соработка за одржлив развој, кој може да се применува и во други региони.

Активности по проектот

Со цел да се определи можноста Осогово да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, предвидени се проучувања на природните, културните и економските потенцијали на регионот како и социо-економски истражувања, кои треба да ја покажат наклонетоста на локалното население и институциите кон воспоставувањето на биосферен резерват. Во рамки на проектот, ќе бидат селектирани експерти кои ќе треба да направат соодветни истражувања за да подготват студии за целата територија на Осогово, од бугарската и македонската страна. Сите сепаратни студии ќе бидат дополнително анализирани и собрани во еден документ кој ќе ја содржи оцената на потенцијалот на Осогово како биосферен резерват и ќе може да се користи понатаму во евентуалното отпочнување на постапката за негово номинирање. Конечната Физибилити студија ќе биде изработена на три јазика: македонски, бугарски и англиски.


Избор на експерти

За потребите на изработка на експертските извештаи кои се однесуваат на темите фауна, флора, шумарство и земјоделство, ФЗНХ на ден 26.12.2014 година преку тендерска процедура ги избра следните експерти:
- Експерт фауна – Методија Велевски
- Експерт флора – Наталија Меловска
- Експерт шумарство – Оливер Аврамоски
- Експерт земјоделство – Васко Хаџиевски

Избор на експерт за компилација на Физибилити студијата
 
За потребите на изработка на компилација на Физибилити студијата за прекуграничниот биосферен резерват Осогово, ФЗНХ на ден 01.06.2015 година преку тендерска процедура го избра следниот експерт:
-         Љубомир Димовски

 

Покана за презентација на резултати од проектот на 11.11.2015 од 11 до 13 часот во просториите на домот на АРМ во Струмица

pdf Покана за завршен настан 510.34 Kb

 

Feasibility Study Osogovo_closing event_report

pdf feasibility_study_osogovo_closing_event_report_en 393.85 Kb

 

 

logo_string_down.jpg



 
Final Reports
Pictures




   Final Reports


pdf agronomy_final_report_summary 183.68 Kb

pdf agronomy_final_report_annexes_part1 11.00 Mb

pdf agronomy_final_report_annexes_part2 10.10 Mb

pdf cultural_heritage_final_report_summary 151.55 Kb

pdf cultural_heritage_final_report_annexes 9.79 Mb

pdf economy_final_report_summary 167.23 Kb

pdf economy_final_report_annexes 1.12 Mb

pdf fauna_final_report_summary 216.13 Kb

pdf fauna_final_report_annexes_part1 4.82 Mb

pdf fauna_final_report_annexes_part2 16.11 Mb

pdf flora_final_report_summary 187.09 Kb

pdf flora_final_report_annexes 2.04 Mb

pdf forestry_final_report_summary 201.11 Kb

pdf forestry_final_report_annexes 9.84 Mb

pdf sociology_final_report_summary 231.89 Kb

pdf sociology_final_report_annexes 1.67 Mb

pdf tourism_final_report_summary 137.79 Kb

pdf tourism_final_report_annexes 563.42 Kb

pdf feasibility_study_en 18.00 Mb

pdf feasibility_study_mk 1.29 Mb

pdf feasibility_study_bg 1.24 Mb

pdf project leaflet mk 12.96 Mb

pdf project leaflet bg 12.88 Mb

pdf project_summary_en 191.24 Kb








Слики

име на датотека опис автор
jpg Слика 1 Регионот на Осоговските Планини  
jpg Слика 2 Viola gracilis, наброена како загрозен вид во националната Црвена книга на Бугарија Љупчо Меловски
jpg Слика 3 Степовидни хабитати во пониските и брдските/планински хабитати во повисокиот дел Методија Велевски
jpg Слика 4 Традиционалното користење на шумата води до промени на изгледот и екосистемот. Деградирана букова шума заради собирање на лисја за сточна храна. Методија Велевски
jpg Слика 5 Zootoca vivipara, редок гуштер на македонските планини Методија Велевски
jpg Слика 6 Регионот кај селото Ратковица, дел од Значајното подрачје за птици Методија Велевски
jpg Слика 7 Silenion lerchenfeldianae, вегетација на силикатни карпи Љупчо Меловски
jpg Слика 8 Genista fukarekiana Славчо Христовски
jpg Слика 9 Carabus intricatus Славчо Христовски
jpg Слика 10 Кадин мост, Невестино Мартина Колева
jpg Слика 11 Традиционално резбарство, манастир Лесново Мартина Колева
jpg Слика 12 Декорација на Празникот на црешата во Ќустендил Мартина Колева
jpg Слика 13 Овци на пасење, село Нивичани, Кочани Георги Манолов
jpg Слика 14 Под-алпски пасишта и карпести предели Методија Велевски
jpg Слика 15 Алпски пасишта на силикатна подлога, врв Руен Љупчо Меловски
jpg Слика 16 Типични мешани живеалишта - природни букови и засадени борови шуми Методија Велевски
jpg Слика 17 Патната мрежа во највисокиот дел на планината, делумно развиена за потребите на рудниците е многу густа и предизвикува ерозија, нарушување и зголемено користење на ресурси Љупчо Меловски
jpg Слика 18 Спуст со велосипед од врвот Руен Мартина Колева
jpg Слика 19 Остатоци од Акрополисот на брдото Хисарлака, Ќустендил Симана Марковска
jpg Слика 20 Архитектура на Кратово Симана Марковска
jpg Слика 21 Дервиш Бања, Ќустендил Симана Марковска
jpg Слика 22 Осоговски манастир со црквата Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка Мартина Колева
jpg Слика 23 Манастир на Св. Архангел Михаил и Преподобен Гаврил од Лесново Мартина Колева
jpg Слика 24 Џамија " Ахмет Бег " - денес изложбена сала на музејот во Ќустендил Мартина Колева
jpg Слика 25 Музејот на Димитар Пешев, Ќустендил Симана Марковска
jpg Слика 26 Празникот на црешата во Ќустендил Мартина Колева
jpg Слика 27 Таванска фреска, црква Св. Јоаким Осоговски Мартина Колева
jpg Слика 28 Marsilea quadrifolia, наведена во Прилогот 1 на Бернската конвенција (строго заштитен вид флора) Славчо Христовски
jpg Слика 29 Eremphila alpestris balcanica, балканска ушеста чучурлига, типичен вид во планинските пасишта на Осогово Методија Велевски
jpg Слика 30 Село Рајчани, Кочани Георги Манолов
jpg Слика 31_autumn Планинска листопадна шума - есен Деспина Китанова
jpg Слика 31_summer Планинска листопадна шума - лето Деспина Китанова
jpg Слика 32 Камени кукли „Невеста и младоженец“, Куклица, Кратово Андриана Андреева
jpg Слика 33 Aquila heliaca, гнездо на царски орли најдени во пониските делови на планината во Македонија Методија Велевски
jpg Слика 34 Neophron percnopterus, глобално загрозен египетски орел мршојадец Методија Велевски
jpg Слика 35 Координативна средба на експертите и административните тимови на проектот Мартина Колева
jpg Слика 36 Координативна средба на експертите и административните тимови на проектот Мартина Колева
jpg Слика 37 Средба по проектот Мартина Колева
jpg Слика 38 Завршен настан на проектот во Благоевград Мартина Колева
jpg Слика 39 Завршен настан на проектот во Благоевград Иван Шарков