„Физибилити студија за Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, координатори на проектот: проф.д-р Владимир Џабирски 12.05.2014-07.10.2014 и Горан Трајковски од 07.10.2014-12.11.2015

Изработка на Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват „Осогово“
Регионалната канцеларија во Струмица на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започна со работа по проектот „Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Водечки партнер во проектот е Бугарската фондација за биоразнообразие од Софија со регионална канцеларија во Благоевград.
Проектот чини 145 000 евра, од кои 85% европско финансирање и останатите 15% национално. Проектот започна на 12 мај 2014, а ќе трае до 12 ноември 2015 година.
Цел на проектот
Преку проектот ќе се собираат и структурираат податоци кои ќе ја определат можноста на осоговскиот регион да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, согласно програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ (Мan and Biosphere). Задачата на биосферниот резерват не е само зачувување на природните вредности, туку и постигнување на одржливост помеѓу заштитата на природата, економскиот развој и зачувување на културните вредности.
Проектот е сврзан и со иницијативата „Зелен појас“ на Европската Комисија, која се стреми да развие мрежа од прекугранични заштитени територии долж некогашната Железна завеса, а со цел зачувување на биодиверзитетот и одржливиот развој на локалните заедници.
Подалечна цел на проектот е Осогово да стане модел на трансгранична соработка за одржлив развој, кој може да се применува и во други региони.
Активности по проектот
Со цел да се определи можноста Осогово да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, предвидени се проучувања на природните, културните и економските потенцијали на регионот како и социо-економски истражувања, кои треба да ја покажат наклонетоста на локалното население и институциите кон воспоставувањето на биосферен резерват. Во рамки на проектот, ќе бидат селектирани експерти кои ќе треба да направат соодветни истражувања за да подготват студии за целата територија на Осогово, од бугарската и македонската страна. Сите сепаратни студии ќе бидат дополнително анализирани и собрани во еден документ кој ќе ја содржи оцената на потенцијалот на Осогово како биосферен резерват и ќе може да се користи понатаму во евентуалното отпочнување на постапката за негово номинирање. Конечната Физибилити студија ќе биде изработена на три јазика: македонски, бугарски и англиски.
Избор на експерти
За потребите на изработка на експертските извештаи кои се однесуваат на темите фауна, флора, шумарство и земјоделство, ФЗНХ на ден 26.12.2014 година преку тендерска процедура ги избра следните експерти:
- Експерт фауна – Методија Велевски
- Експерт флора – Наталија Меловска
- Експерт шумарство – Оливер Аврамоски
- Експерт земјоделство – Васко Хаџиевски
Избор на експерт за компилација на Физибилити студијата
За потребите на изработка на компилација на Физибилити студијата за прекуграничниот биосферен резерват Осогово, ФЗНХ на ден 01.06.2015 година преку тендерска процедура го избра следниот експерт:
- Љубомир Димовски
Покана за презентација на резултати од проектот на 11.11.2015 од 11 до 13 часот во просториите на домот на АРМ во Струмица
Покана за завршен настан 510.34 Kb
Feasibility Study Osogovo_closing event_report
feasibility_study_osogovo_closing_event_report_en 393.85 Kb

Final Reports
Pictures
Final Reports
agronomy_final_report_summary 183.68 Kb
agronomy_final_report_annexes_part1 11.00 Mb
agronomy_final_report_annexes_part2 10.10 Mb
cultural_heritage_final_report_summary 151.55 Kb
cultural_heritage_final_report_annexes 9.79 Mb
economy_final_report_summary 167.23 Kb
economy_final_report_annexes 1.12 Mb
fauna_final_report_summary 216.13 Kb
fauna_final_report_annexes_part1 4.82 Mb
fauna_final_report_annexes_part2 16.11 Mb
flora_final_report_summary 187.09 Kb
flora_final_report_annexes 2.04 Mb
forestry_final_report_summary 201.11 Kb
forestry_final_report_annexes 9.84 Mb
sociology_final_report_summary 231.89 Kb
sociology_final_report_annexes 1.67 Mb
tourism_final_report_summary 137.79 Kb
tourism_final_report_annexes 563.42 Kb
feasibility_study_en 18.00 Mb
feasibility_study_mk 1.29 Mb
feasibility_study_bg 1.24 Mb
project leaflet mk 12.96 Mb
project leaflet bg 12.88 Mb
project_summary_en 191.24 Kb
Слики
име на датотека |
опис |
автор |
Слика 1 |
Регионот
на Осоговските Планини |
|
Слика 2 |
Viola gracilis, наброена како
загрозен вид во националната Црвена книга на Бугарија |
Љупчо
Меловски |
Слика 3 |
Степовидни
хабитати во пониските и брдските/планински хабитати во повисокиот дел |
Методија
Велевски |
Слика 4 |
Традиционалното
користење на шумата води до промени на изгледот и екосистемот. Деградирана
букова шума заради собирање на лисја за сточна храна. |
Методија
Велевски |
Слика 5 |
Zootoca vivipara, редок гуштер на
македонските планини |
Методија
Велевски |
Слика 6 |
Регионот
кај селото Ратковица, дел од Значајното подрачје за птици |
Методија
Велевски |
Слика 7 |
Silenion lerchenfeldianae,
вегетација на силикатни карпи |
Љупчо
Меловски |
Слика 8 |
Genista
fukarekiana |
Славчо
Христовски |
Слика 9 |
Carabus
intricatus |
Славчо
Христовски |
Слика 10 |
Кадин
мост, Невестино |
Мартина
Колева |
Слика 11 |
Традиционално
резбарство, манастир Лесново |
Мартина
Колева |
Слика 12 |
Декорација
на Празникот на црешата во Ќустендил |
Мартина
Колева |
Слика 13 |
Овци
на пасење, село Нивичани, Кочани |
Георги
Манолов |
Слика 14 |
Под-алпски
пасишта и карпести предели |
Методија
Велевски |
Слика 15 |
Алпски
пасишта на силикатна подлога, врв Руен |
Љупчо
Меловски |
Слика 16 |
Типични
мешани живеалишта - природни букови и засадени борови шуми |
Методија
Велевски |
Слика 17 |
Патната
мрежа во највисокиот дел на планината, делумно развиена за потребите на
рудниците е многу густа и предизвикува ерозија, нарушување и зголемено
користење на ресурси |
Љупчо
Меловски |
Слика 18 |
Спуст
со велосипед од врвот Руен |
Мартина
Колева |
Слика 19 |
Остатоци
од Акрополисот на брдото Хисарлака, Ќустендил |
Симана
Марковска |
Слика 20 |
Архитектура
на Кратово |
Симана
Марковска |
Слика 21 |
Дервиш
Бања, Ќустендил |
Симана
Марковска |
Слика 22 |
Осоговски
манастир со црквата Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка |
Мартина
Колева |
Слика 23 |
Манастир
на Св. Архангел Михаил и Преподобен Гаврил од Лесново |
Мартина
Колева |
Слика 24 |
Џамија
" Ахмет Бег " - денес изложбена сала на музејот во Ќустендил |
Мартина
Колева |
Слика 25 |
Музејот
на Димитар Пешев, Ќустендил |
Симана
Марковска |
Слика 26 |
Празникот
на црешата во Ќустендил |
Мартина
Колева |
Слика 27 |
Таванска
фреска, црква Св. Јоаким Осоговски |
Мартина
Колева |
Слика 28 |
Marsilea quadrifolia, наведена во
Прилогот 1 на Бернската конвенција (строго заштитен вид флора) |
Славчо
Христовски |
Слика 29 |
Eremphila alpestris balcanica,
балканска ушеста чучурлига, типичен вид во планинските пасишта на Осогово |
Методија
Велевски |
Слика 30 |
Село
Рајчани, Кочани |
Георги
Манолов |
Слика 31_autumn |
Планинска
листопадна шума - есен |
Деспина
Китанова |
Слика 31_summer |
Планинска
листопадна шума - лето |
Деспина
Китанова |
Слика 32 |
Камени
кукли „Невеста и младоженец“, Куклица, Кратово |
Андриана
Андреева |
Слика 33 |
Aquila heliaca, гнездо на царски
орли најдени во пониските делови на планината во Македонија |
Методија
Велевски |
Слика 34 |
Neophron percnopterus, глобално
загрозен египетски орел мршојадец |
Методија
Велевски |
Слика 35 |
Координативна
средба на експертите и административните тимови на проектот |
Мартина
Колева |
Слика 36 |
Координативна
средба на експертите и административните тимови на проектот |
Мартина
Колева |
Слика 37 |
Средба
по проектот |
Мартина
Колева |
Слика 38 |
Завршен
настан на проектот во Благоевград |
Мартина
Колева |
Слика 39 |
Завршен
настан на проектот во Благоевград |
Иван
Шарков
|
|