Отворен ден на УКИМ 12.12.2025
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје
12 декември 2025 година

Драги матуранти - идни студенти,


Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на УКИМ, кој и оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: 

од 11:00 до 13:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот.

Настанот ќе овозможи директно запознавање со студиските програми, активностите на студентите, работата на центрите за кариера и со сите академски, истражувачки и професионални можности што ги нуди Универзитетот. Ќе можете да разговарате со професорите и студентите, да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и меѓународната размена.

Преку посетата ќе се запознаете со просторните капацитети на факултетите, како што се амфитеатрите, лабораториите и другите наставно-научни објекти.

Студирајте на Универзитетот со најдолга академска традиција во нашата земја. Учете од најдобрите - студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.