Проект: КЛИМАГРИ
ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
(КЛИМАГРИ - CLIMAGRI)

За проектот
Проектот ги истражува и демонстрира можностите за адаптација на земјоделството кон растечките климатски предизвици.
Нашата визија е развој на капацитети за одржливо и поотпорно земјоделство со примена на иновативни дигитални, агротехнички и биолошки решенија
Главен истражувач: Проф. д-р Ордан Чукалиев
Факултет за земјоделски науки и храна – УКИМ
Период на имплементација: 2025–2026

pdf ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ (КЛИМАГРИ - CLIMAGRI)- Август 2025

Документи:

pdf Прво соопштение - „Паметно земјоделство за адаптација кон климатските промени“ (КЛИМАГРИ – CLIMAGRI)

pdf Второ соопштение - „Паметно земјоделство за адаптација кон климатските промени“ (КЛИМАГРИ – CLIMAGRI)

Настани:

Презентација на адаптивни мерки и истражувачки полиња во рамки на Проектот КЛИМАГРИ, 16 и 17 Јули 2026, 11 часот, Локација: Опитно поле

pokana_opitno_pole_16_17_7_26-001-001.jpg







Прва теренска посета на демонстрациските опити во рамки на Опитно поле на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Долно Лисиче

Во рамките на проектите:

„Адаптација на климатските промени во земјоделството: Дисеминација и зголемување на примената на најдобри практики“ и 

„Пилот демонстративниот проект за адаптација на климатските промени во земјоделството и промоција на одржливи практики“  

Дата: 16 јули 2026 година


Локација: Опитно поле на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Долно Лисиче

Време: 09:00 – 13:00 часот





 


ОБУКА

Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во состав на УКИМ интензивно работи на демонстративни опити со цел истражување и употреба на технологии за паметно земоделство кои би овозможиле одржливост и резистентност на земоделското производство во услови на климатски промени.

Во таа насока како една од целите е и вклучување на младата генерација и нивно запознавање со можностите за адаптација на земоделството кон растечките климатски предизвици. Благодарност до наставниот кадар и средношколците од ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука ,,Киро Бурназ” - Куманово и СУГС ,,Георги Димитров” - Скопје за нивното учество на обуката и покажаниот интерес за примената на иновативни дигитални и агротехнички решенија во земјоделството.

sliki052026.png