Пријави корупција
Процедура за пријава на корупција

Процедура за пријава на корупција 
Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје овозможува поднесување пријава за корупција исклучиво електронски. 

Студентите можат да поднесат пријава преку испраќање на е-пошта на следната адреса:   
Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете   

Против кого може да се поднесе пријава: 
• Лица вработени на ФЗНХ- Скопје. 
• Студенти на сите циклуси на студии. 
• Секое друго лице вклучено во активности на факултетот.   

Што е корупција: Корупција е намера на лице да бара, прима или дава корист за себе или за друго лице за да делува спротивно на своите обврски или законски надлежности. 

Што треба да содржи пријавата: 
1. Име и презиме на лицето против кое се поднесува пријавата. 
2. Детален опис на случајот. 
3. Контакт информации на подносителот (доколку не е анонимно).   

Заштита на подносителот: Анонимноста на подносителот е загарантирана, доколку се бара.   

Рокови за постапување: 
• Одговор на пријавата: 30 дена. 
• Завршување на постапката: 60 дена.