Интерен оглас за еднородителско семејство
Интерен оглас за еднородителско семејство

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА НА УКИМ

Ве известуваме дека е објавен Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител за учебната 2024/2025 година на УКИМ, врз основа на Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување  на ова право за учебната 2024/2025 година (бр. 09-952/3 од 20.9.2024 година), донесена од Ректорската Управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. 

Со овој Интерен оглас се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година. 

Се повикуваат сите студенти кои ги исполнуваат условите наведени во Интерниот оглас, да достават пријава за огласот, придружена со целокупната потребна документација наведена во огласот, до претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, проф. д-р Тошо Арсов на електронската адреса: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , како и во материјална форма во Архивата на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје, најдоцна до 14.10.2024 година (понеделник)


pdf Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025 година

pdf ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА НА УКИМ

pdf Прелиминарна ранг листа согласно конкурс за избор на суденти чие родителско право го врши само еден родител 2024-25

pdf Конечна ранг листа на студенти чие родителско право го врши само еден родител- прв циклус студии-2024-2025