Инфо ден на програмата COST
Инфо ден на програмата COST на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ)
14.11.2023

На 14 ноември 2023 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се организираше значаен настан - инфо денот на Европската организација за соработка во науката и технологијата (COST).
(COST). СОЅТ претставува најголема мрежа за соработка во науката и иновациите во светот во која во секој момент учествуваат над 45.000 научници во преку 300 тековни СОЅТ акции.

Настанот на кој присуствуваа над 70 учесници беше отворен со поздравни обраќања од проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на ФЗНХ, проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка при УКИМ и проф. Зоран Т. Поповски, член на Управниот одбор на СОЅТ. Тие истакнаа дека "учеството во COST акциите е клучно за развојот на науката во Македонија и за јакнење на меѓународните врски.", а особено за развојот на научните кариери на младите научници.

Д-р Роналд де Бруин, директор на COST, го истакна значењето на програмата и информираше за успешното учество на научници и истражувачи од Република Северна Македонија во голем број на COST акции. Проф. д-р Елена Величкова од Технолошко-металуршкиот факултет и проф. д-р Душица Санта од ФЗНХ, ги споделија своите позитивни искуства и впечатоци како учесници во акциите.

Г-дин Елвин Реиминк, советник во СОЅТ, презентираше детали за процесот на поднесување на предлог апликации, додека г-дин Александар Тутновски, националниот координатор на COST, ги објасни процесите на номинација на членовите во менаџмент комитетите на акциите.

Овој настан беше форум за идеи, инспирација за научниците во Република Северна Македонија и започнување на нови партнерства. Со зголемениот интерес и учество, се очекува дека следниот период ќе биде исклучително успешен за научните истражувања и размената на идеи во рамките на COST.

За повеќе информации и како да се вклучите во идните настани и активности на COST, ве охрабруваме да ја посетите веб-страница на COST www.cost.eu.





3.jpg 4.jpg