ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030
ФЗНХ ПРЕКУ ПРОФЕСОРОТ ЗОРАН ПОПОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030"

1.jpgОд 4 до 7.10.2023 година во Сараево се одржа голема меѓународна конференција насловена како „Applied Biotechnology for 2030 Agenda" организирана од страна на Центарот за генетско инженерство и биотехнологија во Сараево, а под покровителство на Меѓународниот центар за генетско инженерство и биотехнологија на Обединетите нации. На конференцијата зедоа учество 20-ина претставници на земји во развој, воглавно од Африка и Азија, а како предавачи учествуваа еминентни научници од САД, Италија, Шведска, Србија, Босна и Херцеговина и од С. Македонија. Од нашата земја, поканет предавач беше професорот Зоран Т. Поповски кој презентираше сопствени искуства на тема НУЛА ОТПАД ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕРАБОТКАТА НА ХРАНАТА.

Во текот на своето предавање проф. Поповски ги запозна присутните со резултатите од истражувањата во кои и тој учествувал поврзани со рециклажа на крвен отпад од кланиците и производство на бројни нус производи, рецикажа на отпад од фармите и производство на биогас, користење на отпадот од храна за изолација на ензими за почистување на отпадни води, користење на ГМ растенија во биоремедијација на почвите, исористување на отпад од кафето за производство на етерични масла и други производи и др. Во рамки на конференцијата се организираа и неколку работилници на кои се демонстрираа бројни експереименти, а на кои и професорот Поповски покажа неколку едноставни опити поврзани со неговото предавање. Покрај оваа тема, на конференцијата беа застапени и теми од примената на биотехнологијата во медицината, фармацијата, земјоделството и т.н.

На крајот на Проф. Поповски му беше доделено признание за неговиот придонес во реализацијата на овој значаен меѓународен настан на кој беше претставен и нашиот факултет.

 

2.jpg
3.jpg

 

 


 

5.jpg
4.jpg