ОБУКА-МОЛЕКУЛАРНИ МЕТОДИ ВО ГЕНЕТИКА И СЕЛЕКЦИЈА
ОБУКА ЗА ПРИМЕНА НА МОЛЕКУЛАРНИ МЕТОДИ ВО ГЕНЕТИКА И СЕЛЕКЦИЈА ВО СТОЧАРСТВОТО НА ИНСТИТУТОТ ЗА СТОЧАРСТВО ВО БЕЛГРАД, РЕПУБЛИКА СРБИЈА
2p.jpg

Во текот на месец јули, д-р Зоран Т. Поповски – редовен професор на ФЗНХ и член на Европската академија организираше обука за примена на методи базирани на PCR на Институтот за сточарство во Белград. Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел опфати содржини поврзани со структурата и функцијата на нуклеинските киселини, потоа теоретски основи за нивна изолација, електрофореза, квантификација, дигестија, мултипликација, хибридизација и секвенционирање, како и содржини поврзани со структурата и функцијата на протеините. Во рамки на овој теоретски дел стана збор и за примената на генетското инженерство во светот на животните, генетските модификации и клонирањето на животните, како и за биоетиката како дисциплина која е основа за соодветна и хумана примена на овие нови технологии во анималното производство. Секоја од овие содржини беше проследена со примери за практична примена на молекуларните методи во различни гранки од сточарството преку т.н. селекција потпопогната со маркери (Marker Assisted Selection – MAS). Теоретскиот дел од обуката траеше 10 часа.

Практичниот дел се состоеше од индивидуална работа на сите 5 млади научници од институтот во: изолација, електрофореза, амплификација и дигестија на ДНК изолирана од крв од овци, а како целни гени кои служеа како маркери се користеа гените за aS1-казеинот и за b-лактоглобулинот. Во текот на практичната работа младите истражувачи се обучија самостојно да изолираат ДНК со примена на соодветен кит, да подготвуваат работни раствори за електрофореза на нуклеинските киселини, да визуелизираат изолирана геномска, ампплифицирана и дигестирана ДНК со примена на агароза гел електрофореза, да подготвуваат протоколи и програми за PCR, односно за амплификација на ДНК и да подготвуваат протоколи и да анализираат дигестирани ампликони преку т.н. RFLP техника. Практичната работа во рамки на обуката се одвиваше во тек на 30 работни часа.

По завршување на обуката беше спроведена анонимна анкета за нејзиниот квалитет, а учесниците добија соодветни сертификати. Истовремено е договорена и долгорочна институционална соработка меѓу Институтот за сточарство од Белград и нашиот факултет.






5.jpg
3.jpg




















2.jpg
1.jpg



















3p.jpg4p.jpg
1p.jpg