Отворен ден на УКИМ 2.12.2022



otvorenden3.jpg

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 2 декември, 2022 во следните термини: од 10 часот и од 12 часот, со физичко присуство на секој од факултетите. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, Центарот за кариера..

Запознајте ги одблиску професорите и асистентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со просторните капацитети, амфитеатри, лаборатории…

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!