Информативен настан - Студенстски стандард 2022
Почитувани студенти,

Ве покануваме да присуствувате на информативниот настан во организација на МЗШВ на 17.11.2022 година (четврток), со почеток во 09 часот во амф. 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во состав на УКИМ, а на кој  ќе се презентира усвоената
ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ДЕЈНОСТА ВО СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД ЗА 2022 ГОДИНА (бр.  41-9731/3 од 1.11.2022 год.)
за условите за стипендирање на студенти на прв циклус студии запишани на јавните и приватни високообразовни институции во државата.