Отворен ден на УКИМ 19.08.2022
Отворен ден на УКИМ 19.08.2022

otvorendenukim2022.jpg

Драги матуранти, наши идни студенти,

Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 19 август го организира традиционалниот настан ,,Отворен ден на УКИМ"!  
Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10:00 - 12:00 часот и од 12:00 - 14:00 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте се што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности....

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!