Прв академски час 4.10.2021 11 час
Почитувани студенти

По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, Деканатот на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, ве поканува на првиот заеднички академски час кој ќе се одржи на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје на 4.10.2021 година (понеделник), пред влезот на Факултетот, со почеток во 11.00 часот.

На присутните ќе им се обрати Деканот на Факултетот проф.д-р Вјекослав Танасковиќ и свечено ќе ги додели индексите на новите студенти на ФЗНХ, генерација 2021/2022. 

ДЕКАНАТ ФЗНХ