Пријава на идеи за конкурс - ВСС Ефект проект
Пријава на идеи за конкурс - ВСС Ефект проект финансиран од ЕУ

Почитувани,

Нашиот тим од банкари со храна (WSS Effect - Банка за храна МК), финансиски поддржани од Европската Унија ве кани да аплицирате на конкурсот за најдобри идеи за спасуање на храната од фрлање.  
Повикот е отворен за сите студенти од вашиот факултет кои, ќе изразат интерес да разработат креативни и иновативни предлози со кои, ќе се намали количината храна која завршува на отпадите во земјава преку
1) нејзино искористување за други намени,
2) продолжување на рокот на траење и сл.  
Идеите ќе бидат објавени во книга која потоа ќе биде споделена со пратеници, амбасадори, претставници на институции, бизнис и граѓански сектор.  
Затоа и ве покануваме да поттикнете тим ваши студенти кои преку овој конкурс ќе го претстават вашиот факултет во најдобро можно светло.  

За повеќе информации, погледнете ги документите во прилог и посетете ја нашата веб и фб страница: www.wsseffectmk.org www.facebook.com/wsseffectmk

doc wss_aplikacija_12-2020__11192020

pdf ФЗНХ-WSS Покана за конкурс идеи-ЕУ проект 23112020