Прв академски час 5.10.2020
СООПШТЕНИЕ

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС УЧЕБНА 2020/2021  

Се известуваат сите студенти кои се запишани на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје во прва година во академската 2020/2021 година дека ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ќе се одржи на 05.10.2020 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот пред влезот на Факултетот.

На студентите ќе им се обрати Деканот на Факултетот, Проф.д-р Вјекослав Танасковиќ во присутство на вработените на ФЗНХ. 

Доделувањето на индексите ќе се изврши во амфитеатар 30 и амфитеатар 40 по претходно објавен распоред - список на студентите (на влезот на Факултетот).    

ОД ДЕКАНАТОТ НА ФЗНХ