Пријавување на испити 4-8.5.2020
СООПШТЕНИЕ

Се известувааат сите студенти кои планираат да полагаат испити  во дополнителната (мајска) сесија дека треба да извршат електронско пријавување на предметите во I-know системот (во периодот од 4.5.2020 год. до 8.5.2020 год.), додека хартиена форма на пријавите ќе можат да бидат доставени дополнително, по создавање на услови за физичко доставување на истите.

​Сите студенти кои во периодот пред воспоставување на вонредната состојба заради појавата на Covid19 имаат доставено пријави за испит во мартовската сесија, истите остануваат во важност сè до враќање на условите за реализација на следната редовна или дополнителна испитна сесија, односно по укинување на мерките за привремен прекин на работа на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.  

Деканат на ФЗНХ