Известување за онлајн настава
Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје започна со online настава

Сите активни студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, кои имаат запишан летен семестар во учебната 2019/2020 година ја продолжија наставата користејќи ги сите понудени ресурси од страна на наставниците и соработниците.  

Со цел навремено да излеземе во пресрет на студентите и наставниците во оваа вонредна состојба, Факултетот презеде мерки за проширување на постоечката платформа за далечинско работење и онлајн настава со користење на пакетот Office365 for Education (Microsoft Teams), при што за сите студенти се изработени кориснички сметки, креирани на домен @students.fznh.ukim.edu.mk, а со тоа е обезбедено унифицирано решение за сите активни корисници на ФЗНХ, кое ќе се користи и во идниот период.

Истите придобивки ги имаат и сите вработени на факултетот, со што е овозможена online меѓусебна комуникација, со можност за одржување состаноци на комисии, работни групи, консултации, и друг вид работни средби.                

Нашата одговорност како високо-образовна институција е голема и најважно е да се посветиме што е можно повеќе на нашите студенти, да им овозможиме што повеќе информации, и да споделиме практични искуства, со што би го збогатиле нивното знаење. Факултетот своите студенти ги смета за свои партнери кои можат многу да допринесат во новонатанатата состојба,  и во сè она што го очекува земјоделскиот сектор потоа.   
                                                                                                                                                                                                                                                            
ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ          
www.fznh.ukim.edu.mk