METROFOOD - PP

METROFOOD - PP
Metrology in food and nutrition, H2020 project  

Учесници од Факултет за Земјоделски Науки и Храна - Скопје:

Проф. д-р Ленче Велкоска-Марковска, координатор

Проф. д-р Мирјана С. Јанкуловска, учесник

Проф. д-р Биљана Петановска-Илиевска, учесник

Проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска, учесник

Проф. д-р Силвана Симиќ-Манасиевска, учесник  


 

METROFOOD - RI

На 11 Април 2022 година, се одржа Отворен ден за споделување на активостите на проектот METROFOOD-PP, финансиран од Европската комисија, според програмата Horizon 2020 и договор за Грант 871083, со истражувачите, контролните лаборатории, индустријата и потрошувачите. Целта беше запознавање со можностите што ги нуди Истражувачката Инфраструктура METROFOOD-RI. Чест и огромно задоволство ни беше и присуството на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. С. Македонија, г-н Љупчо Николовски кој ни ја даде целосната подршка, како од негова страна така и од министерството. Поздравен говор одржа и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ истакнувајќи ја важноста да се биде дел од оваа инфраструктура за промоција на квалитетот и безбедноста на храната. Свое излагање за достигнувањата на проектот имаше м-р спец Анита Најденкоска, национален координатор на проектот. Потоа, беа презентирани и Лабораториите на METROFOOD-MK. М-р спец. Анита Најденкоска ги презентираше лабораториите од Институтот за јавно здравје и проф. д-р Ленче Велкоска-Марковска ги презентираше лабораториите од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје. Настанот се одржа хибридно со физичко присуство во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна и on-line преку платформата Microsoft Teams со вкупно 70 учесници од академија, индустрија, контролни лаборатории, студенти и потрошувачи.



 

slika1.jpg

 

slika2.jpg

 

slika3.jpg

 




СЕРИЈА НА ВЕБИНАРИ METROFOOD-PP - бесплатни on-line вебинари

Во понеделник (7.2.2022 г.) ќе започне серија вебинари организирани во рамките на меѓународниот проект METROFOOD-PP. Планирани се вкупно 20 вебинари, кои ќе се одржуваат во 8 понеделници, започнувајќи од 7-ми февруари до 28-ми март.Учеството на вебинарите е бесплатно, но задолжителна е претходна регистрација.Ова е линкот со информациите за вебинарите на веб-страницата на METROFOOD-PP: https://www.metrofood.eu/media-room/news-events/news/metrofood-pp-webinar-series-on-line-open-free-webinars.html

#metrofood


Прв состанок METROFOOD, Лисабон (Португалија), 9-10 Јануари 2020

Првиот состанок за проектот METROFOOD-PP се одржа во Лисабон, во период од 9-10 Јануари, каде присуствуваа 75 учесници од 18 земји претставувајќи 48 институции партнери на проектот (20 Beneficiaries and 28 Linked Third Parties) под координиција на ENEA. 

Проектот ќе трае 30 месеци со цел да се достигне легално, финансиско и техничко ниво на зрелост на Европска истражувачка структура спремна да се активира како самостојна.

Заедно со првиот состанок се ордржа и првиот ЕУ Интер-Министерски состанок на 10 Јануари со учество на претставници од министерства од земји кои ја подржуваат инфраструктурата.

Повеќе информации на следен линк:  https://www.metrofood.eu/news-events/news/metrofood-pp-kicks-off-let-us-start-it.html

Проектот доби финансиски средства од програмата на Европска Унија Хоризонт 2020 за истражување и иновации според договорот за Грант бр 871083.


Повеќе информации

Линк: http://iph.mk/прв-состанок-metrofood-лисабон-португалија-9-10/