САЕМ НА КАРИЕРА И ВРАБОТУВАЊЕ 2019
САЕМ НА КАРИЕРА И ВРАБОТУВАЊЕ 2019 

 Саемот на кариера и вработување 2019 ќе се одржи на 22 октомври од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Агенцијата за млади и спорт  обезбеди над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.                                                                                              

Саемот е наменет за сите млади кои бараат пракса, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ едукација, програми за работа надвор од државата, Еразмус+ проекти, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.                                           

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.  Ве молиме, споделете го Facebook настанот на вашите социјални мрежи, со цел младите да се информираат подобро за настанот.    https://www.facebook.com/events/2429777277236643/?ti=cl