Промена на обврската за плаќање на административна та
Промена на обврската за плаќање на административна такса

Почитувани студенти,
           Ве информираме, дека  студентите,  НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ  АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА   за пријави за испити, обрасци за  запишување и за заверка на семестар,  согласно чл. 92, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019).
Согласно членот 92
„Барањата за издавање на управни и реални акти, согласно Законот за  општата управна постапка, односно барањата за остварување на заштита на  правата и правните интереси на студентите подлежат на административна такса согласно со Законот за административните такси, освен барањата за издавање на оргинал-уверенија и оргинал-дипломи за завршени студии, како и за други дејствија за кои не се плаќа такса согласно со закон.
Пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на административна такса“


Од Деканатот